Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: ЕУ притиска за решение во јуни, но решение ќе има само со заштитени македонски интереси

0
By Sashko on May 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: meta.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ „Телма“ истакна дека Владата сака да ги почне преговорите со Европската Унија (ЕУ), но не по секоја цена и на штета на државните интереси при решавањето на спорот со Бугарија.

Тој потенцира дека месец јуни, како пресуден за добивање датум, е споменат од ЕУ поради геополитичката ситуација со војната во Украина.

„ЕУ е таа, која притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го споменува јуни како датум и комесарот Вархеји и официјалните портпароли на ЕУ. Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ. Меѓутоа, ние немаме намера да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси“, рече Маричиќ.

Како што потенцираше вицепремиерот, земјава сака да почне преговори со фер договор, кој нема да задира во достоинството и идентитетот.

„Нашиот пат е јасен и секогаш бил јасен. Никогаш не сме отстапувале и никогаш не бил лесен, секогаш сме имале тешкотии и Северна Македонија е една од државите коишто имала најтежок пат до исполнување на своите стратешки интереси“, кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека во овие времиња, кога на тлото на Европа повторно има воени дејствија, се виде колку значи и колку е важен НАТО за безбедноста на регионот.

„Северна Македонија не треба да отстапи од европскиот пат и тоа наше залагање треба да биде упорно затоа што ние знаеме зошто сакаме таму, зошто сакаме каква држава сакаме да изградиме и знаеме дека заслужуваме да бидеме членки на ЕУ“, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Тој потенцира дека како Влада вовеле нов пристап со Бугарија за да се дојде до одредена точка на решение.

„Ние направивме максимум во овој период и тоа беше наша должност да дадеме шанса на овие разговори. Не се откажуваме од тоа, ниту пак некогаш се врзувавме за јуни, како пресуден датум. И навистина интензивно работевме во изминатите 120 дена од кога е оваа Влада. Имаше повеќе средби со бугарската страна, сме разговарале за сите отворени прашања и има основа за фер решение“, истакна Маричиќ, кој рече дека за четири месеци не може да се очекува радикален пресврт со односите со Бугарија.

Вицепремиерот за евроинтеграции потенцира дека во ситуација кога има војна во Украина, кога сите држави се определени за едно повисоко ниво на стратешко размислување, тоа треба да го стори и Бугарија.

„Секогаш кога имало желба за поголемо проширување, а тоа е почнато по падот на Берлинскиот ѕид, ЕУ го отворала прашањето за формата и начинот на кој тоа ќе го направи и воспоставувала нова динамика“, изјави Маричиќ во однос на евроинтегрирањето на Украина.

Тој потенцира дека рамката за државите од Западен Балкан е членство во ЕУ. Таа, како што рече, е утврдена уште во 2003 година.

„Таа политика очигледно е во определен вид на криза веќе долго време, но мислам дека и од нашите контакти и при мојата посета на Париз минатата недела, и во овие денови интензивните контакти и со француски претставници и со претставници на ЕУ, сите потврдуваат дека рамката за државите од Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ“, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

ВЕСТИ September 30, 2025

Палестинската управа (ПУ) го поздрави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека сеопфатен…

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.