Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Прочистувањето на судството ќе биде со мерливи критериуми, без политички влијанија

0
By Нова ТВ on December 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во оваа фаза за прочистувањето на правосудниот систем не сме зборувале со опозицијата, прво се консултираме со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а потоа целата работа ќе оди во собранието и тогаш ќе се вклучи и опозицијата. Но, овој процес не сакаме да биде политички, туку да има мерливи критериуми, општо прифатени.“ изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител.

Во контекст на прочистувањето напомена дека Концептот е во завршна фаза и наскоро ќе биде објавен во јавноста. „За првите 100 дена од Владата рековме дека ќе го подготвиме Концептот за прочистување во судството, затоа што ветингот како процес го отфрливме. Се финишира со Концептот за прочистување и деновиве ќе го објавиме. Има и други фактори кои треба да се изјаснат околу Концептот, како советите на судиите и на јавните обвинители, потоа треба да се усвојат методологии, како таа за сложеност на предметите, но и за оценување на судиите. До крајот на годината Советот за реформи во судството ќе може да го усвои Концептот за проверка на работата на судиите.“ изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Тој потврди дека и Правилникот за оценување на јавните обвинители, кој произлегува од новиот Закон за јавно обвинителство, во следниот период, откако ќе се доработи, ќе биде усвоен.

„Врз база на тој Правилник во иднина ќе се избираат, унапредуваат и разрешуваат јавни обвинители. Но, додека сме во исчекување да започнат да се применуваат сите документи, се преземаат постапки против неодговорните судии, имаме осум разрешувања, но и други 83 постапки против судии. Мислам дека треба сето тоа да го ставиме во една рамка за да може јавноста да ги види резултатите, сето тоа да биде транспарентно за да се види дека создаваме функционален систем.“- заврши Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.