Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Меѓународниот мониторинг не значи замена или заобиколување на процесните закони

0
By Ivana on December 8, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се согласувам со ставот на Судскиот совет и потврдувам дека усогласениот договор на партиите не значи менување на процесните закони, ниту на измислување на механизам за заобиколување на законите. Во текстот стои дека се бара мониторинг од ЕУ и од меѓународните фактори, што ќе видиме во која форма и како ќе биде спроведено“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата ќе побара мониторинг на случаите кои се договорени помеѓу СДСМ и Алтернатива, а потоа Европската комисија ќе одлучи дали и на кој начин ќе се вклучи во следењето и проверката на предметите.

-Честопати сме имале ситуација во која сме утврдувале некоја цел и сме ја вклучувале ЕУ како фактор, а потоа тие го преобликувале нашето барање, го одбивале или го прифаќаше. Не знаеме што ќе ни каже ЕУ. Ако сме се договориле со Алтернатива дека ќе побараме меѓународен мониторинг, тоа ќе го направиме. Што ќе добиеме како одговор, не знаеме, потенцираше Маричиќ.

Тој повтори дека Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми, кои според Маричиќ треба да се зајакнат за да не доаѓаме до вакви ситуации, каде што се јавуваат сомнежи кај јавноста за одредени пресуди.

-И претходно партии кај нас барале меѓународен мониторинг. Меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ. Пред две години беше побаран мониторинг за предмети од висока корупција, а голем дел беа оние од СЈО и за нив опозицијата тврдеше дека се монтирани. Од ЕУ побаравме мониторинг и веќе дваесетина случаи се под таков вид на набљудување. Таков механизам за набљудување на случаи кај нас не е нов, ние имаме историја на улога на ЕУ на креирање и помагање на нашиот правосуден систем, кажа Маричиќ.

Министерот истакна дека ќе се сретне со претставниците на политичките партии да зборува за механизмите од договореното.

-За оние предмети што се завршени можеме да побараме од ЕУ да изврши некаков мониторинг, но механизмите за тие случаи одново да се отворат лежат во домашното право. Доколку тука се исцрпени сите можности, останува странките да се обратат до Судот во Стразбур, рече Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.