Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ на Европскиот ден на правдата: Реформите кои ги преземаме во правосудството даваат резултат

0
By Ivana on October 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните.

За Владата и Министерството за правда ова е апсолвирано прашање и затоа изминатите години навистина вложивме многу време и енергија во менувањето на сликата за судството, потенцираше министерот кој потсети дека извештаите на Стејт Департментот и последниот на Европската комисија нотираат континуиран напредок во правосудството.

– Денеска, кога се одбележува Европскиот ден на правдата сакам да ви порачам дека Министерството за правда и Владата продолжуваат уште посилно да работата за модернизација на судството, што веќе резултира со зголемена транспарентност и ефикасност. Дозволете ми да ве потсетам дека само за една година успеавме да ги намалиме судските такси за 8 пати, успешно спроведовме попис, ги дигитализиравме услугите за граѓаните, донесовме нов Закон за заштита на личните податоци со кој се гарантира поголема дигитална безбедност за граѓаните, направивме измени на Кривичниот законик и на тој за граѓанска одговорност, со кои заштитата на новинарите сега е на многу повисоко ниво. Воведовме нови кривични дека како „Демнење“ и „Полово вознемирување“. Започна филтрација во судството и досега 16 судии се разрешени поради пропусти во работењето. Обезбедивме меѓународен мониторинг на судските случаи за висока корупција и организирани криминал. Зголемени се платите на судската полиција. Постигната е договор за етапно зголемување на платите на судиите и судската администрација. Се разговара и со обвинителите. Министерството за правда се отвори за средношколците кои сега тука извршуваат практична работа. Се реконструираат повеќе затвори. Го отворивме Волковија – најмодерниот Воспитно-поправен дом во регионот. Затворската полиција добива нови униформи и ова навистина е само дел од работите кои успеавме да ги направиме за само една години, напиша Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.