„Не можам да го коментирам случајот, се уште сме во првата фаза и затоа е рано, течат рокови, правиме анализи и пред да истече рокот ќе излеземе со став. Ова е комплексен случај, има многу аспекти, ни треба сеопфатна анализа, но очекувам да имаме соодветен одговор од наша страна.
-Владата има рок да се изјасни дали ќе се оди на некаква спогодба и ќе повторам дека се уште немаме став, за нас е важно да се почитува принципот на владеење на правото. Можам само да гарантирам дека ќе ги почитуваме роковите и ќе дадеме свое видување.“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во „Анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето во врска со тужбите поднесени во Стразбур, а кои се однесуваат на спорната аболиција потпишана од Ѓорѓе Иванов за многу вмровски функционери осомничени за криминал.