Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ најавува инвестициска офанзива со европски пари: Сè подобро ги искористуваме фондовите на ЕУ

0
By Sashko on August 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сè подобро ги искористуваме фондовите на Европската Унија (ЕУ), но има простор за подобрување и ќе продолжиме. На почеток од 2023 година следува нова инвестициска офанзива со европски пари, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Маричиќ истакна дека на тековниот повик за инвестициски грантови, Северна Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од околу 53 милиони евра и тоа два проекта од областа на енергетиката – реновирање на шест хидроцентрали и изградба на ветернички парк во Богданци и еден од областа на заштитата на животната средина – изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југозападен и Југоисточен регион.

„Работиме на спроведување на инвестициска агенда на земјата и аплицираме за големи стратешки проекти кои се влог во иднината на нашите деца. Преку инвестициската рамка за Западен Балкан која Северна Македонија веќе ја користи, се финансираа стратешките приоритети од економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан промовиран во октомври во 2020 година. Тогаш еврокомесарот Вархеји најави 9 милијарди евра за периодот од 2021-2027 година, инвестиции кои треба да привлечат дополнителни 20 милијарди евра заеми од меѓународните финансиски институции“, информира Маричиќ.

Северна Македонија, како што посочи, учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра.

„Доаѓаме до скоро 230 евра по глава на жител што ја става Северна Македонија на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. На крајот на јули оваа година, ЕУ ги одобри првите проекти за спроведување на економскиот инвестициски план за Западен Балкан. Ние аплициравме со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив во износ од 225,6 милиони евра“, рече Маричиќ.

Одобрените прокети на последниот повик, како што појасни, се следни: за проектот изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридор 8 секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен е грант во износ од 149, 2 милиони евра, за проект за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица 1,6 милиони евра, за проект за набавка на опрема за фотоволтаичните централи Осломеј 2 и Битола грант во износ од 5 милиони евра, како и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје грант од 69,8 милиони евра.

Вицепремиерот додаде дека во рамки на шестиот повик за инфраструктирни грантови се одобрени грантови од 1,1 милијарди евра за сите шест земји од регионот, а проектите од Северна Македонија учествуваат со 20,5 проценти од овој одобрен износ.

Дополнително, како што најави Маричиќ, во соработка со Германската развојна банка КФВ ќе се работи на енергетска ефикасност на сите студентски домови во државна сопственост.

Во однос на ИПА 3, кој е нов концепт на ЕУ во однос на претпристапната поддршка на земјите од Западен Балкан, во јули оваа година СЕП го доставил првиот нацрт ревидиран стратешки одговор до ЕК прилагодувајќи со последните новости од ИПА 3 прозорците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.