Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Процесите на скрининг и на уставни измени ќе одат паралелно

0
By Sashko on August 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На министерствата и на другите институции до 15 септември ќе им биде објаснета точната улога во скринингот кој претставува формална и техничка операција што ја врши Европската Комисија (ЕК) како подготовка на преговорите за членство. Паралелно со скринингот треба да се работи и на уставните измени, истакна заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Алсат“.

„Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник, бидејќи ова е дилема која ќе се исправи пред секој пратеник: Дали сте за членство на Северна Македонија во ЕУ или не? Ова е суштинското прашање на кое треба да се одговори“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека, според Владата, содржината на уставните измени не е проблематична, појаснувајќи дека се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот и додавањето на уште неколку заедници, меѓу кои и бугарската, не го гледаат како суштински проблем. Напротив, според Маричиќ, тоа само може да го збогати нашиот Устав и нашето општествено милје.

„Ние од 1991 година, од независноста, сме се определиле и за ЕУ и за НАТО, веќе сме членка на НАТО и исцртан нѝ е патот кон ЕУ. Ги почнавме преговорите, дали успешно ќе ги продолжиме и завршиме зависи само од нас. Затоа е битно ова секој пратеник да го има предвид кога ќе ја носи одлуката“, рече Маричиќ.

Тој во интервјуто го објаснува и процесот на скрининг кој, според веќе презентираниот календар, започнува на 15-ти септември, а до крајот на овој месец ќе ја претстави преговарачката структура.

„Очекувам до крајот на овој месец да ја претставам преговарачката структура, потоа во еден интензивен период до 15 септември на сите министерства, на сите институции им објасниме точно која е нивната улога во скринингот и од 15 септември натаму да започнеме со тој процес. Ќе биде многу интензивно, секое поглавје ќе трае неколку дена, зависно од тоа колку е обемно. Важно ќе биде сите со внимание да ги следиме презентациите и да учествуваме активно во нив затоа што тоа ќе биде основа за претставување или поставување на критериумите за отворање и затворање на поглавјата понатаму“, рече Маричиќ во интервјуто.

Вицепремиерот Маричиќ појаснува дека процесот на скрининг ќе се одвива во две фази и дека започнува на 15 септември, а се очекува да трае до ноември 2023 година.

„По завршување на објаснувачкиот скрининг, следува билатералниот скрининг, каде што се вклучени не само Европската Комисија, ние и Албанија, туку и државите членки на ЕУ. Сите тие ќе изнесат свои видувања за нашата усогласеност во сите делови, во сите кластери и поглавја. Тој процес е важен за нашата администрација, бидејќи треба да нѝ ја даде сликата до каде сме со усогласување со европското законодавство, што уште треба да направиме, но и како во пракса да се спроведат полесно и побрзо тие правила“, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека покрај подготовките за скринингот, паралелно и непречено се работи на превод на европското законодавство и дека и годинава очекува да се држи темпото од минатата година, кога беа преведени преку 17 илјади страници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.