Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Реформата на јавната администрација е важна за напредок кон ЕУ

0
By Sashko on September 19, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во периодот пред нас ќе мора да се насочиме кон исполнување на европските барања и стандарди во реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ во воведното излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација.

Тој истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот „Темели“, додавајќи дека професионалноста на јавната администрација е важна, како за исполнување на обврските на европскиот пат, така и за создавање администрација која квалитетно ќе им служи на потребите на граѓаните.

Според Маричиќ, тоа што реформата на јавната администрација е специјално дефинирана како област и е дел од основите на кластерот „Темели“ само укажува на важноста и значењето што таа ќе го има за целиот преговарачки процес.

„Ние сме добро свесни дека неспорно таа ќе биде од суштинско значење за динамиката на преговорите како целина. Модернизацијата и подобрувањето на државната и јавната администрација треба да се смета како основа на целиот јавен сектор од кој зависи развојот во секое демократско општество“, потенцираше Маричиќ на состанокот.

Во својство главен преговарач, Маричиќ даде краток осврт на досега реализираното во оваа област во изминатите години, посочувајќи дека постојано е присутна политичката поддршка преку работата на Советот за реформа на јавната администрација со која претседава претседателот на Владата.

„Формирана е работна група за подготовка на нова стратегија за Реформа на јавната администрација за периодот 2023-2030 година. Работната група вклучува претставници од сите засегнати страни и државни институции и граѓанскиот сектор. Во моментов работиме на текстот на стратегијата, а во октомври ќе се фокусираме на новите активности што ќе бидат дел од акциониот план. Овие два документи ќе бидат донесени до крајот на годината“, рече Маричиќ во обраќањето пред претставниците на Европската Комисија.

Тој нагласи дека во текот на овој месец Министерството за информатичко општество и администрација ги објави нацрт-верзиите на законот за вработените во јавниот сектор – рамковен закон со кој се утврдуваат основите и принципите на вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници, потенцирајќи притоа дека очекува пакетот на двата закони да биде донесен до крајот на годинава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, кластерот „Фундаментални вредности“ има своја тежина од повеќе аспекти, затоа што вклучува области кои првпат се дел од пристапните преговори, како што се функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економските критериуми.

Во Брисел, во тек е објаснувачкиот скрининг состанок за реформата на јавната администрација, а според календарот, за денеска попладне е предвидено да се одржи и објаснувачкиот состанок за поглавјето 32 – „Финансиска контрола“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.