Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Се бара модел за вклучување и на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес со ЕУ

0
By Sashko on August 25, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа координативен состанок со претставници на граѓанскиот сектор, пред кои го објасни процесот на скрининг и даде краток осврт на тековните активности на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во пресрет на подготовките за скрининг состаноците, кои започнуваат за три недели.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ изрази убедување дека граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на реформите и напредокот кон членството во Европската Унија (ЕУ).

„Граѓанскиот сектор е признат партнер на Владата во овој процес. Ова партнерство и искрена соработка меѓу државниот и граѓанскиот сектор е еден од предусловите за успешно искористување на структурните фондови на ЕУ“, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека треба граѓанските организации да се подготвуваат и за учество, и за користење и поголема апсорпција на ЕУ фондови.

Маричиќ на состанокот со граѓанските организации отвори дискусија за модалитетот и начинот на кој претставниците на граѓанските организации ќе бидат вклучени во овој процес, за што дополнително ќе треба заеднички да се договорат. Тој посочи дека СЕП веќе има ангажирано и регионален експерт преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, кој би помогнал во дефинирање на соработката, поставувањето платформа за вклучување претставници на граѓанското општество во работните групи од самиот почетокот на пристапните преговори.

„Со отпочнување на неговиот ангажман, секако дека ќе бидете во блиска соработка за да може да се изнајде модел кој ќе биде во најдобар интерес на процесот. За време на целиот процес, Советот за соработка со граѓанските организации ќе биде мостот на комуникација“, истакна Маричиќ пред претставниците на граѓанските организации.

И премиерот Димитар Ковачевски, вчера, во Дневникот на ТВ Сител, изјави дека СЕП и вицепремиерот за европски интеграции, работат на екипирање на преговарачкиот тим, а многу скоро на седница на Влада ќе се најде и преговарачката структура во која ќе бидат ангажирани сите институции како и голем број експерти кои што не се дел од владините институции, и тоа експерти од академскиот, деловниот, невладиниот сектор и сите кои можат да придонесат за побрзо завршување на овој процес. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.