Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за Локално: Истокот не е страна која може да нѝ обезбеди реформи, слободи, права, европски фондови и просперитет

0
By Sashko on September 19, 2022 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истокот не е страната која може да ни обезбеди реформи, слободи, права, европски фондови и просперитет, истакнува вицепремиерот Маричиќ во интервју за Локално, во однос на тоа дали земјава може да се „сврти кон Истокот“ и на трошењето на финансиски средства од Русија за влијание на македонската политика, за што обвини министерот за надворешни работи Османи.

Маричиќ истакнува дека ние од секогаш сме биле поддржани од Западот и дека нашата земја е демократска и европска не затоа што оваа Влада така одлучила туку затоа што од памтивек сме биле на таа страна географски, политички, вредносно и геостратешки.

„Северна Македонија е демократска и европска земја и тоа не е така затоа што оваа Влада така одлучила туку затоа што Македонците и сите граѓани со кои заедно живееме тука од памтивек сме биле на таа страна, и географски, и политички, и вредносно и геостратешки. Ние од секогаш сме биле поддржани од Западот, и во време на нашите ослободувања од окупации, и во време на создавањето на нашата држава и денес. Тој пат денес за нас значи сериозни стандарди, сериозно почитување на човековите слободи, гарантирани права за секоја индивидуа и за секоја заедница, прецизни задачи, одговорности и рокови за секоја институција со цел подобрување на услугите кон граѓаните, огромни европски фондови за инфраструктурни и системски инвестиции во земјава и меѓународно почитување на нашите посебности, и како македонски народ и како држава Северна Македонија со сите свои карактеристики и различности во себе“, вели Маричиќ.

Тој нагласува дека токму затоа нашиот народ отсекогаш е на европскиот пат и дека не постои друга опција.

„Ете затоа нашиот народ со векови е на европската патека. За се што наведов погоре како придобивка за нашата земја не постои ниту една друга опција која истото може да ни го обезбеди ни од далеку. Ние никогаш не сме ја раскинале соработката со Истокот, но тоа не е страна која може да ни обезбеди реформи, слободи, права, економски просперитет и европски фондови, особено ако се има предвид дека Русија со инвазијата врз Украина ги прекрши сите цивилизациски вредности за кои цврсто се залагаме како нација и држава. Токму поради сето ова, убеден сум дека Северна Македонија никогаш нема да се повлече од добрососедство, пријателство и соработка, односно никогаш нема да отстапи од јасно трасираниот европски пат кој носи стабилност, сигурност и подобар живот за нашиот народ“, потенцира вицепремиерот Маричиќ во интервјуто за Локално.

Извор: frontline.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.