Опколениот пристаништен град Мариупол и натаму е под контрола на украинските сили, изјави високиот функционер на украинската безбедност, Олексеј Данилов.
„Мариупол се држи и никој нема да го предаде“, изјави Данилов, цитиран од британските медиуми.
Вицепремиерката Ирина Верешчук денеска соопшти дека украинските власти се надеваат оти дел од заробените цивили во градот Мариупол, што е под руска опсада, ќе можат да се евакуираат со приватни автомобили.