Воениот стручњак Џек Вотлинг, научен соработник за копнено војување во лондонскиот одбранбен тинк-тенк „Ројал Јунајтед Сервис Институт“, со коментар за „Би-Би-Си“ за војната во Украина.
Вели дека Ирпин, кој се наоѓа северно од Киев, е повторно под украинска контрола, но и дека покажува несоодветен сооднос во моралот, опремата и снабдувањето меѓу двете страни.
„Обично заземање на терен бара трипати поголем број на противнички војници, па дури и повеќе во урбана опкружување“, вели тој.
„Тоа покажува дека онаму каде Русите немаат логистика за топовско снабдување се навистина ранливи во овој момент“, додава Вотлинг.
Тој, исто така, укажува на големата веројатност дека Мариупол наскоро ќе падне.
„Тогаш руските сили ќе почнат со опкружување на украинските единици во регонот на Донбас, на истокот на земјата“, нагласува Вотлинг, вклучувајќи и некои од најдобрите украински единици кои и најдолго се борат.
„Ќе останат со малку муниција, ќе бидат многу уморни и тоа ќе претставува голем проблем за украинската војска“, потенцира Вотлинг.