Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ денеска ќе одржи марш по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март.
„Заедно со трансродовите лица, со активистите и со нивните поддржувачи се приклучуваме по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група, посочија од „ТрансФормА“.
Од граѓанската иницијатива бараат од Владата и од Собранието да го вратат Законот за правно признавање на родот и да го изгласаат.
„Очекуваме поддршка од пратениците со кои соработуваме и кои ја разбираат значајноста од донесувањето на овој закон, но и од сите останати што досега не успееја да ја увидат нужната и итна потреба од подобрување на нашата легислатива во насока на подобрување на нашите секојдневни животи. Тука сме и без закон, но не се откажуваме од негово донесување. Заслужуваме безбедност, рамноправност и почит кон нашиот идентитет како и сите други граѓани. Тука сме и без закон, соопштија од „ТрансФормА“.