НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Машината за партиски кадри ја сомле „докторката“ без диплома

1
By Менче Атанасова Точи on June 28, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставка од морални причини! Ова е најмалку што требаше да направи министерот за здравство Никола Тодоров веднаш по скандалот со студентката на медицина која пет месеци работела како докторка во Итната медицинска помош. Девојката не била дипломирана, немала положено државен испит, ниту имала лиценца за работа, а вршела прегледи, давала инјекции и инфузии, сето тоа со амин на тој што ја примил. Како поинаку да се објасни сето ова?

Но, пред да си даде оставка ќе ги разрешеше директорката на Здравствениот дом, управителката на Итната медицинска помош и сите по хиерархија кои биле инволвирани во овој скандал и овозможиле студентката да биде примена на работа, да лекува пациенти и да интервенира во итни случаи. Потоа, задолжително ќе го пријавеше случајот во органите на прогонот и ќе започнеше интерна истрага за овој случај, но и дали и колку други вакви случаи има во јавното здравство. Така се прави во секоја нормална држава.

Но, бидејќи министерот мисли дека нема обврска пред граѓаните да го стори тоа, не само што не си даде оставка, туку и без срам избега пред камерата смеејќи, се со зборовите„Не постои никаква студентка во Итната медицинска помош!“. За да не биде се така кукавички, претходно од министерството соопштија дека немаат надлежност во овој случај туку институцијата каде што работела студентката како докторка.

А, бидејќи Здравствениот дом под чија надлежност е Итната медицинска помош, го испитувал случајот, доколку се утврдела било каква одговорност ќе биделе преземени мерки согласно законските прописи. Замислете -Доколку се утврдела било каква одговорност? Да им фрлите во лице на граѓаните таква дрскост и шеретски да се смеете пред камерите!

На сите ни е совршено јасно кој ја вработил студентката пред пет месеци да извршува докторска дејност , кој и дозволил да поседува печат незаконски. Секое партиско вработување е точно прецизирано со име и презиме бидејќи на списоците не смее да се најде некој што не е од ВМРО ДПМНЕ. Додека дипломирани доктори, со лиценци за работа и положен државен испит со години чекаат да се вработат во јавно здравство, партијата на власт вработува студенти да си играат доктори. Да си фатат место додека е време!

Нешто што го нема во ниедна држава. Крајно криминално и неморално! Насмевката ве издава министре! Вие знаете дека е направено кривично дело и дека свесно сте ги довеле во опасност пациентите. Затоа се смеете, зашто не знаете што друго да правите. Сами се фативте во мрежа. Насмевката не е нормална реакција во вакви случаи! Сигурна сум дека ако не знаевте ништо за тоа ќе бевте смртно уплашен, ќе ја наведневте главата и крајно сериозно ќе изјавевте дека ќе има одговорност за сите инволвирани. Ќе ја понудевте вашата оставка! Ќе направевте прес конференција за да дадете објаснување пред граѓаните, да ги смирите. Но, вие не сторивте ништо од тоа!

Половина ден ве немаше, па откога ги координиравте работите со вашите пулени, се појавивте на зацртаната агенда, ама избегнавте да одговорите за одговорноста. Но, јас имам прашања кои се надевам ќе ви ги пренесат, ако не ги прочитате и како „совесен“ министер ќе одговорите на нив. Ова ви е шанса! Наместо да ја активирате машинеријата да пишува демант, како што тоа обично го правите, дајте одговор на прашањата, граѓаните што ви ја дале довербата тоа го очекуваат од вас.

Ве прашувам: Кој и го даде печатот без број, незаконски стекнат на студентката? Кој и дозволи да дежура, да води смена? Кој и дозволи да оди на итни повици и да дава терапија? Кој ќе понесе одговорност доколку на нејзината смена или дежурство се изгуби нечиј живот?Дали требаше да се случи трагедија за да се открие случајот? Кој се е вмешан во овој случај? Дали е единствен или има и други „доктори“ кои лекуваат пациенти без диплома? Колку се на број тие што работат противзаконски во здравството?

Наместо да ги испитувате вработените, да ги изложувате на стрес, да проверувате кој ми дал докази за случајот, јас ве прашувам: Зарем партиската книшка навлезе во нашите животи толку многу за да се спуштат институциите на тоа ниво да вработат кадар без соодветно образование да работи како доктор? Има ли воопшто институции во оваа држава каде што може да се пријави овој случај? Кој може да ги казни за да понесат одговорност директорот, “докторката”,министерот и надлежните кои го издале печатот противзаконски?

Постои ли правен систем во оваа држава? Која е улогата на Лекарската комора? Дали и комората е вмешана во ова? Каква е улогата на Деканатот на медицински факултет од каде што пред три дена си го зема уверението за положени испити „докторката“, која дипломирала во мај, а работи од февруари? Што ќе биде со „докторката“ ? Дали ќе добие забрана за лиценца за работа, ќе одговара ли за сторено кривично дело? Или партијата има друг план. Да почека да се стивнат работите и да ја префрлат во друга болница.

Картите почнаа да се отвораат. Што ли уште ќе почне да излегува од машината за мелење на партиски кадри? Премногу популизам, премалку човечност и искреност. Тоа во будизмот се вика лоша карма, а основни карактеристики и се алчноста, омразата и измамата. Тоа е, кога човек си пати од сопствените дела. Се разбира, за исходот на работите клучна улога има етичкиот момент. И еве пак дојдовме до моралот и оставката!

Ме насмеа Методија Трајаноски, експерт по јавно здравство кога пред некој ден рече : „ Ова е 127.ми пат кога Тодоров треба да си даде оставка. Ако имаше морал досега ќе го стореше тоа. Бидејќи нема, не знам што ќе правиме со него!“.

Не знам кој пат е ова, ама кога сме кај моралот ќе потсетам на армија македонски доктори кои се иселија од државата бидејќи немаа можност да најдат работа и на сите млади кои со факултетско образование мијат садови во туѓи држави. Тоа се тие што немале партиска книшка од ВМРО ДПМНЕ и сакале со своето знаење да помогнат на оваа држава. За тие што имаат книшка, веќе знаеме. Тие и без факултет можат да работат како доктори. И да го доведат во опасност здравјето и живот на граѓаните. Затоа, оставка на министерот во овој момент е најбезболно решение!

Веднаш, додека не е предоцна!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.