Над 10.000 луѓе, според полициски податоци, мирно протестирале по улиците на Рио де Женеиро во знак на поддршка на барањата на наставниците, но протестот подоцна прерасна во инцидент кога 200 маскирани анархисти направиле голема штета низ градот.
Групата маскирани анархисти ја искршиле вратата на собранието, други фрлале рачно изработени бомби и палеле канти за отпадоци.
Протестот го растуриле специјалните полициски единици со употреба на солзавец.
Според податоците на синдикатот на новинарите, кои два месеци штрајкуваат, на улица биле излезени околу 50.000 луѓе, а борјот на полицајците се проценува на 10.000.