Киев: Во текот на ноќта Украинците со беспилотни летала го нападнаа воениот аеродром Морозовск во руската област Ростовска. Очевидци забележале бројни дронови на небото и изброиле повеќе од 60 експлозии, пренесува Украинска правда. По нападот голем број области останаа без електрична енергија.
Василиј Голубев, гувернерот на Ростовската област, потврдил дека се случил напад од големи размери во областа Морозовск и потврдил дека во нападот е оштетена трафостаница.
Воениот аеродром се наоѓа на три километри југозападно од градот Морозовск. На аеродромот се стационирани борбени авиони Су-24, Су-24М и Су-34.