Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Mеѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, во осмиот круг на гласање, Матарела освои 505 гласови потребни за избор.
Гласањето следуваше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател. Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане на функцијата по седум круга гласање.
Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери.