Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матарела пред пратениците: Секогаш сме давале и ќе даваме поддршка на вашиот пат кон Европа

0
By Sashko on September 9, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија секогаш давала и ќе продолжи да дава силна поддршка на Северна Македонија на патот кон Европа. Создавањето на услови за неодамнешниот почеток на преговорите со Брисел претставува успех на кој оправдано треба да сте горди, во очекувањето да се достигне крајната цел за полноправно членство во ЕУ, како што впрочем се случи со вашата одлука да се приклчучите кон НАТО, рече претседателот на Италија, Серџо Матарела во неговото денешно обраќање во Собранието на Северна Македонија,

Според Матарела, местото на Северна Македонија е во Европа заради вредностите, историјата и културата.

Тој во своето обраќање посочи дека пријателството меѓу Италија и нашата држава има длабоки корени, поттикнато од спонтана симпатија и од чувство на меѓусебно разбирање, кое никогаш не престанало.

„По Втората светска војна и покрај ограничувањата наметнати од тогашниот геополитички поредок, Италија продолжи да негува непроменета почит и постојан интерес кон вашиот народ. Доказ за тоа е силниот порив на солидарност, кој по страшниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, поттикна над 200 италијански уметници да донираат над 300 нивни дела кои денес се чуваат во Музејот на современа уметност во Скопје“, рече италијанскиот претседател.

Со 31-годишна независнот која државата ја прослави вчера, Матарела потенцираше дека се отворени дополнителни можности за развој на односите меѓу овие две земји во сите полиња, а меѓу нив и не помалку важното поле на културната соработка.

„Италија е горда на фактот дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје италијанскиот јазик се изучува повеќе од 60 години и што во моментот многу македонски ученици од основните и средните училишта избраа да го учат италијанскиот јазик, што претставува знак на динамика и современост на врската меѓу овие две земји. Станува збор за чувство на искрено пријталество“, додаде Матарела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.