Францускиот претседател Емануел Макрон престојува во прва посета на Хрватска од нејзината независност. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го прими францускиот претседател Емануел Макрон со највисоки државни почести. По церемонијата на пречекот, двајцата претседатели се упатија на тет-а-тет средба.
По средбата со Милановиќ, Макрон отиде на плоштадот Стјепан Радиќ, каде положи венец на Споменикот на Татковината. По положувањето на венец, шефот на француската држава отиде во Бански двори.
Потпишан е договор за набавка на борбени авиони „Рафал“, по што следел лет на два воени авиони над Загреб. После тоа, Пленковиќ и Маркон се сретнаа со Мате Римац.
Мате Римак на францускиот претседател Емануел Макрон му го претстави автомобилот на неговата компанија Римак Невера, како и моделот Бугати.