Материјалната штета што е предизвикана за време на војната во Украина е околу 63 милијарди долари, вели најновата проценка на економскиот универзитет во Киев.
„Според проценките, економското влијание од руската инвазија во Украина од 24 февруари до 24 март е најмалку 4.431 оштетена, уништена или заземена станбена зграда, 92 фабрики и магацини и 378 училишта“, пренесува „Би-Би-Си“.
Уништени, оштетени или запленети се и 12 аеродроми и седум термо и хидроцентрали.