Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАТТО: Стопанска делегација од Едрене во посета на Северна Македонија

0
By Ivana on November 12, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) во понеделник ќе биде домаќин на компании членки на Стопанската и Индустриската комора на Едрене, Република Турција.

Како што велат за МИА од МАТТО, предвидени се билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а посетата е во рамки на запознавање со деловната и инвестициската клима во Република Северна Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори.

Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор.

Во периодот јануари – август 2021 година земјава остварила вкупна трговска размена со Република Турција во вредност од 472 610 000 американски долари што е за 46,1 отсто раст во споредба со истиот период лани. Извозот во Турција изнесува 90 525 000 долари што е зголемување за 57,4 проценти, а увозот е зголемен за 43,6 отсто и изнесува 382 085 000 долари.

Турција е седми трговски партнер на Република Северна Македонија, по Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина и Бугарија.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамички производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.