Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумската информативна агенција и 15 европски агенции од догодина се вклучуваат во проектот „Европска редакција“

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од почетокот на идната година треба со работа да почне проектот „Европска редакција“ со 16 новински агенции од ЕУ и од Западниот Балкан, ко-финансиран од Европската Комисија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија ја официјализираше оваа вест денеска.

– Комисијата најавува дека ќе го поддржи развојот на „Европска редакција“ што ќе здружи 16 новински агенции, соопштија од Европската комисија, која за ова ќе издвои 1,76 милиони евра со цел да се „збогати дебатата на европските теми“.

Вера Јурова, еврокомесарката за транспарентност, која е носител на проектот заедно со нејзиниот колега Тиери Бретон задолжен за внатрешниот пазар на ЕУ, оцени дека овој проект ќе ги направи медиумите посилни.

– Европскиот јазичен диверзитет значи дека медиумските компании долго ги следеа сопствените патишта на развој во нивниот национален контекст, со сопствените модели. Затоа потенцијалот на овој диверзитет на модели долго остана неискористен, време европскиот диверзитет, наш најголем адут, да се исплати, изјави вечерва Јурова на Европскиот Медиумски Форум.

Со оваа идеја се создава од 2022 „Европската редакција“ што ќе им овозможи на 16-те агенции кои учествуваат да ги споделат своите информации и знаења и да произведуваат содржини во 15 јазици.

Европската комисија сѐ уште е во преговори за локација на канцелариите во Брисел, изјави денеска портпарол на Европската комисија.

Во проектот ќе учествуваат МИА, како и француската агенција АФП, германската ДПА, италијанската АНСА, романската Агерпрес, австриската АПА, албанската АТА, белгиската Белга, бугарската БТА, шпанската Европа Пре, босанската ФЕНА, хрватската ХИНА, словенечката СТА, српската Танјуг и словачката ТАСР.

– Го организираме европскиот информативен простор и го зголемуваме пристапот на граѓаните кон квалитетна информација. Првата паневропска редакција ќе им овозможи на новинарите заедно да известуваат за ЕУ и да промовираат дух на соработка дома, изјави Бретон.

 

Директорот на МИА, Драган Антоновски, ја поздрави европската иницијатива кон која се приклучува државната агенција.

-За МИА ова е уште еден меѓународен проект кој се надеваме дека ќе биде успешен за сите. МИА е активен учесник во овој проект од самиот почеток во идејата на градење на бриселска редакција во ЕУ. Ние немаме никаква задршка дека тоа може да биде корисно и  во функција на побрз пристап до информации за случувањата во ЕУ, за подобра организација во пристапот до информации и секако во оваа ера на лажни вести, нивна проверка, како и двонасочна продукција од и кон Брисел, изјави Антоновски.

Генералниот секретар на Европската Федерација на Новинари, Рикардо Гутиерез, за МИА истакна дека е од огромна важност да биде запазена новинарската и уредувачката независност на сите агенции вклучени во овој нов проект.

-Комисијата мора да гарантира апсолутна уредувачка независност во оваа европска редакција, таа мора да биде слободна да ги истражува сите европски теми од јавен интерес без страв од последици, рече Гутиерез за МИА.

Генералниот секретар на Федерацијата се осврна и на кризата низ која поминува медиумскиот сектор како и на работничките права.

-Соочени со кризата, многу медиумски компании во Европа одлучија драстично да го намалат покривањето на европските прашања, што е жално, со оглед на тоа колкаво е влијанието на европските политики врз секојдневниот живот. Овој проект треба да ги поттикне медиумите да ја ревидираат нивната политика и ја повикуваме Комисијата да даде предност на проекти кои ќе обезбедат достојни услови за работа за новинарите и ќе промовираат етичко и одговорно новинарство, изјави Гутиерез.

За Европската федерација на новинари, каде членуваат и македонските новинарски здруженија, е важно да се поддржат медиумските компании, но поважно е да се поддржат новинарите и новинарството кое работи во корист на јавниот интерес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.