Бењамин Медрано откако летото победи на локалните избори, сега ја даде свечена заклетва за градоначалник на градот Фреснило со околу 200.000 жители, во мексиканската сојузна држава Закатекас. Ова немаше да биде чудно ако Медрано не е првиот деклариран геј градоначалник во Мексико.
За време на кампањата, неговите конкуренти се обидуваа да го дисквалификуват токму поради причината што тој е хомосексуалец, но Медрано реши јавно да признае за својата сексуална ориентација.
И покрај прогнозите дека ќе му се случи крах Медрано извокува победа во католичката средина. Црквата исто така истапи против него, но гласачите одлучија поинаку.
Во некои држави во Мексико е дозволено склопување на еднополови бракови од 2009 година, сепак Медрано кој е сопственик на првиот геј клуб во својот град и изјави дека нема намера да стапува во брак.