Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на децата на улица, лошата социо-економска состојба на семејствата е еден од клучните предизвици

0
By Marija Todorovska on April 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрувањето на тешката социо-економска состојба во која што живеат семејствата, како една од главните причини поради која тие често излегуваат на улица, е предуслов за решавање на проблемот со деца на улица и питачењето. Ова е една од препораките на настанот „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа – клучен сегмент за ефикасно решавање на негативната појава – деца на улица и питачењето“ што се одржува денеска по повод 12 Април – Меѓународниот ден на децата на улица.

Во изјава за медиуми во просторите на Центарот за дневен престој за деца во ризик „Патека на надеж“ во Шуто Оризари, Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител, сподели дека нивното истражување покажува дека појавата деца на улица сѐ уште егзистира, иако се преземаат мерки од страна на надлежните органи со донесување на протоколи за мултисекторско работење за надминување на оваа проблематика.

– Податоците што ги обезбедивме преку центрите за социјална работа, преку Заводот за социјални дејности, од интервјуата со самите родители, децата згрижени во дневните центри за деца во социјален ризик, деца на улица, укажуваат на тоа дека сѐ уште причините за појавата на деца на улица не се сфаќаат сериозно, имајќи предвид дека најголемиот број, како што и самите кажавте, ако не скоро и сите деца кои што питачат се припадници на ромската заедница, потекнуваат од семејства што живеат во крајно лоши услови на живеење, во супстандардни услови за живеење, без вода, без електрична енергија, без никакви можности за нормален раст и развој, родителите се со многу ниско, ако не и без никакво образование, без работа и единствено егзистираат или преку питачење или евентуално преку обезбедување на право на социјална заштита, образложи таа.

Како што дополни, како институција, сметаат дека ваквата состојба алармира на многу посериозен начин на посветување за решавање на проблемот со деца на улица имајќи во предвид дека еден дел од овие деца се неевидентирани во матичната книга на родени што ги прави уште повеќе социјално ранливи.

Фактот што секојдневно сме сведоци на деца коишто не питачат сами – питачат и со своите родители, питачат со други лица кои што се, а можеби и не се нивни блиски, според неа, укажува на вклучување на сите институции за решавање на проблемот.

– Постои протокол за меѓусекторско работење, односно вклучување на сите институции за решавање на овој проблем – вклучување на надлежното Министерство за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, граѓанските организации, локалните самоуправи и сметаме дека овој протокол, доколку се оди по утврденото како норма, како правило во протоколот може да ги даде сериозните податоци, дополнува таа.

Најсоодветно решение, според институцијата Народен правобранител, е да може да се работи со овие деца и со родителите подеднакво.

– Она што недостасува, она што нашето истражување покажува е лошата материјална состојба. Тешката социо – економска состојба во која што живеат овие семејства е една од причините поради кои тие често излегуваат на улица. Затоа една од нашите препораки од истражувањето е да се обезбеди постојан приход на овие семејства затоа што егзистенција со социјална помош очигледно не ги дава потребните резултати. Да се обезбеди ако ништо друго вработување на овие лица, да се едуцираат, да се овозможи нивна преквалификација доколку е потребно, рече таа.

Во однос на бројката за деца на улица, таа информираше дека таа не може точно да се утврди.

– Доколку тргнеме од фактот дека со новиот правилник за згрижување, на ниво на држава ние имаме само три дневни центри за згрижување на деца на улица – тоа е во Кисела Вода и двете во Шуто Оризари. И по законот, односно по правилникот ограничена е бројката до 24 максимално, што значи дека ако во просек  кажеме максималниот број не излегува повеќе од 70-80 деца кои се згрижуваат, но оваа бројка не е реална. Бројката која што ја гледаме секојдневно низ улиците, која што ја гледаме во попладневните часови, покажува на многу посериозна бројка и ова е исто така една од препораките да се води системско следење на бројката, бидејќи со една бројка излегуваат центрите за социјална работа, со друга бројка излегуваат граѓанските организации, со трета бројка Заводот за социјални дејност, кој, исто така, врши надзор, има надлежност за оваа негативна појава. Така што, ова е аларм дека навистина многу посериозно треба да се зафатиме со решавање на проблемот деца на улица, деца во социјален ризик, посочи Бајрамовска.

На настанот Бајрамовска-Мустафа ќе ги презентира наодите од истражувањето за состојбата со децата на улица во Република Северна Македонија, а презентација ќе имаат и претставници од дневните центри од општините Шуто Оризари и Кисела Вода.

Настанот е организиран во рамките на ЕУ проектот „Зајакнување на основните права и засилена примена на алтернативните мерки“ финансиски подржан од Европската Унија. 

Бајрамовска Меѓународен ден на децата на улица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.