Лондон: Ќе има „штета во реалниот свет“ ако Мета ја прошири својата одлука да ја укине проверката на фактите на Фејсбук и на Инстаграм надвор од САД, објави Меѓународната мрежа за проверка на факти.
„Ако Мета одлучи да ја прекине програмата ширум светот, речиси е сигурно дека ќе резултира со штета во реалниот свет на многу места“, соопшти мрежата од повеќе од 130 организации.
Предупредувањето е дека некои од повеќе од 100 земји со слични програми се „многу ранливи на дезинформации“ што поттикнуваат насилство.