Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се сретна со суперѕвездата во UFC Конор Мекгрегор во италијанската престолнина. Португалскиот специјалист на Ирецот кој со семејството го посети Вечниот град, му подари дрес на „волците“. На дресот со број 10 е испишано и името на борецот. Од друга страна, стратегот кој на Инстаграм објави фотографии од средбата, го проба вискито на Мекгрегор.
View this post on Instagram
Утре, екипата на Мурињо ќе има тешка задача, бидејќи и претстои соочување со Јувентус во Торино во натпревар од 8.коло во Серија А.