Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мексико е подготвено да му даде азил на Асанж

0
By Ivana on January 3, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уште еднаш му понуди азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој е во притвор во Велика Британија и наскоро треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа.

– Подготвени сме да му понудиме азил на Асанж. Сметаме дека американската Влада мора да дејствува хумано. Асанж е болен и би било знак на солидарност и братство да му дозволиме да добие азил во Мексико, рече шефот на државата.

Како што пренесе Бгнес, изјавата на мексиканскиот претседател доаѓа една година откако тој побара од Министерството за надворешни работи на земјата да поднесе барање и петиција до Велика Британија за ослободување и политички азил на Австралиецот.

Кон крајот на декември минатата година основачот на Викиликс Џулијан Асанж поднесе жалба на одлуката да биде екстрадиран во САД.

На 10 декември, Врховниот суд во Лондон ја усвои жалбата на САД за екстрадиција на Асанж.

Асанж беше обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010 година. Тој од јуни 2012 година се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој беше приведен на барање на САД на 11 април 2019 година, а сослушувањето за екстрадиција почна на 2 мај 2019 година.

Набргу потоа, американските власти објавија дека поднеле 17 нови обвиненија против Асанж за кршење на законите за шпионажа и откривање тајни информации. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж се соочува со затворска казна до 175 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.