Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемети: Не ми е работа да се мешам во собранието

0
By Сашка Цветковска on January 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народниот правобранител, Иџет Мемети смета дека постапил правилно што на денот на инцидентите од 24 Декември, веднаш по исфрлањето на новинарите и пратениците од опозицијата, учествувал на седницата за негов реизбор на чело на институцијата Народен правобранител. По соопштението испратено од група активисти за човекови права кои од него бараат оставка поради молчењето за инцидентите од минатиот месец, Мемети за Нова вели дека тој нема намера да ги коментира нивните мислења. Тој лично не се чувстувал одговорен поради присуството на седницата на која беше избран без опозицијата, која беше претходно исфрлена.

“Работа на парламентот е кога ќе го избира омбудсманот, а не работа на кандидатот. Сепак, се рабит за законодавен дом каде тој се бира со двотретинско мнозинство и тоа не е случајно така”, вели Мемети.

Негира дека немало негова реакција за случувањата. Тврди дека постапува по постапката за исфрлањето на новинарите, но, не било во неговиот мандат да се меша во одлуките на претседателот на Собранието. Запрашан дали ќе постапува доколку и пратениците од опозицијата покренат постапка во канцеларијата за прекумерна употреба од страна на полицијата присутна во Собранието одговори дека тоа не е во неговиот мандат.

“Јас веќе постапив, тоа е одлука на претседателот за обезбедување на услови над која јас немам надлежност.

За полицијата зборуваме, не за одлуките на собранието?

Полицијата постапила по одлука на претседател на Собрание и нигде во свет омбусманите немаат надлежност над одлуките на претседателите на Собраниеот. Замислете почитувана госпоѓо новинарко, омдусманот на Шведска каде што е родена оваа институција да отвори постапка за претседател на парламентот на Шведска.”, вели Мемети за Нова.

Групата активисти за човекови права во отвореното писмо до Народниот правобранител го оспоруваат неговиот мандат и му забележуваат што дозволил токму на денот кога се кршеле човековите права, Мемети да премолчи и да присуствува на таа седница.
Истиот ден беа кршени и човековите права на голема група протестанти од страна на полицијата, која го оневозможуваше правото на мирен протест (со селективно запирање на автобуси), со прекумерна употреба на сила, и со неспречување на насилство. 

-Истиот ден беа повеќекратно газени Уставот, Законот за Собрание и собранискиот деловник, а газењето на демократските процедури  се одвиваше пред вашите очи”  се вели во отвореното писмо од активистите  за човекови права Жарко Трајаноски, Уранија Пировска, Рамадан Рамадани, Џабир Мемеди-Дерала и Роберто Беличанец .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.