НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Менаџирање на очекувањата: Цедење сок од сува дреновина

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВОЈО МАНЕВСКИ

Топлото време почна да нѐ притиска, метеоролозите велат ќе има локални врнежи, мало заладување. Кога човек е немоќен нешто да промени, му останува само да ги очекува најавите. Да остане неактивен е исто како да се предал на стихијата.

Така отприлика се чувствуваат граѓаните на нашава држава откако ја извршија својата граѓанска должност и гласаа на последните избори. Несомнено, кампањата беше полна со ветувања кои веднаш се судрија со суровата реалност која економистите ја нарекуваат „цедење сок од сува дреновина“.

Неколку параметри ја чекаа новата влада без разлика каков и да беше резултатот од изборите. Државата е задолжена и нема голем простор за нови задолжувања. Трговскиот дефицит е веќе алармантен и ја покажува структурната слабост на нашата економија која никако да се преструктуира и да почне да извезува, да стане поконкурентна на регионалниот пазар, каде сѐ уште има простор.

Државниот апарат е скап и нефункционален и го голта буџетот. Кризните потреби кои настанаа поради Ковид пандемијата и војната во Украина ги истрошија тогашните кредитни потенцијали, па сега новата влада ќе мора да бара некакви алтернативни патишта за покривање на потребите.

Згора на тоа, неодмерените популистички ветувања поврзани со надворешната политика и евроинтеграциите ќе мора да се стават во канали кои не ги одредуваат ни владините политики, ниту мислењата на мнозинството гласачи на последните избори. Што тогаш треба да очекуваме? Владата ќе менаџира со очекувањата, гледајќи да не донесува одлуки кои веднаш ќе ги поништат предизборните ветувања, туку горчливите лекови да ги дава постепено, да не се почувствува горчината премногу.

Државата е задолжена и нема голем простор за нови задолжувања. Трговскиот дефицит е веќе алармантен и ја покажува структурната слабост на нашата економија која никако да се преструктуира и да почне да извезува, да стане поконкурентна на регионалниот пазар, каде сѐ уште има простор.

Тешко е да се одреди приоритетот на потребните реформи, зашто не постои дел од општествената заедница која нема потреба од нив. Кои и да се решенијата, мора да доведат до краен резултат кој треба да биде промена на свеста за функционирањето на заедницата и во неа државниот апарат. Оваа држава може да ја крстиме и прекрстуваме, ама таа мора да е на граѓаните без разлика на нивните национални или други разлики. Ако реформите водат кон вакво сознание ќе можеме да ги менаџираме очекувањата.

Има едно домаќинско прашање што одамна сакам да го поставам. Кој со кого е поблизок и имаат поблиски интереси? Богатиот Албанец и богатиот Македонец или сиромавиот Македонец и сиромавиот Албанец? Лесно за одговор, ама тешко за признавање дека националните фанфари свират за интересите на моќните и богатите. Зошто со крпче мавта ороводецот? Зошто не врти крпче некој од средината на орото што гледа да го фати тактот или на оној што на опашката едвај се фатил на орото? А пари се лепат на музиката и таа свири за тој што лепи пари, тој што има. Кој нема, гледа да остане во орото, иако можеби не му се допаѓа музиката или тактот. А нешто и за ороводецот мора да се даде, велеше еден скеч на популарните К-15.

Државниот апарат е скап и нефункционален и го голта буџетот. Кризните потреби кои настанаа поради Ковид пандемијата и војната во Украина ги истрошија тогашните кредитни потенцијали, па сега новата влада ќе мора да бара некакви алтернативни патишта за покривање на потребите.

Како да не ни се доволни овие првите горештини, стресот ни го продлабочуваат и новите цени на храната во маркетите. Сирењето поскапи, лебот поскапува, секое одење во маркет изгледа како влез во непознато. Позната ни е само плиткоста на сопствениот џеб. Веројатно, владата ќе преземе некои мерки кога ќе се состави, но тоа пак ќе бидат краткорочни административни регули, кои не го решаваат суштинското прашање. Не произведуваме доволно храна за потребите на нашето население. Ако произведуваме, тогаш мерките на владата можат да бидат полезни. Со разни даночни олеснувања или директни субвенции цените ќе се држат на прифатливо ниво за граѓаните. Вака, со толкава увозна зависност на основните продукти за исхрана што ја увезуваме и туѓата инфлација, дополнително се осиромашуваат граѓаните. На добивка се само разните увозници и купци – накупци кои со децении го прават тоа. Водењето на политика за производство на храна не е исто што и правилата на кванташки пазар, туку долгорочна стабилност на државата и ако сакате еден од столбовите на нејзината независност. Со гладен народ нема одбрана на државата и нема кој да ја чува нејзината независност. Терминот „гладен“ можете да го проширите и со други придавки како „незадоволен“, „безидеен“, „апатичен“, барем за тоа имаме зборови.

Неодмерените популистички ветувања поврзани со надворешната политика и евроинтеграциите ќе мора да се стават во канали кои не ги одредуваат ни владините политики, ниту мислењата на мнозинството гласачи на последните избори.

Додека нѐ менаџираат со ветувањата, сепак, се случува нешто што ни дава надеж дека постојат решенија. Присуствував на една панел дискусија при земјоделскиот факултет на УГД  на која беа изнесени идеи за поголемо и поквалитетно производство на храна. Дигитализацијата не е само воведување на нови технологии, туку и структурна промена во целиот сектор. Како добра идеја ми се чини изместувањето на носителите на новите технологии. Ако се бара сегашните ситни сопственици на фарми да воведат современа технологија и нови мерки, ќе се начекаме. За тоа има социолошки и правно-економски препреки. Да не се лажеме дека земјоделските производители се на високо ниво во општествената скала на посакувани дејности. Не успеваме пежоративното значење на сељак да го замениме со селанец, кој е сопственик на фарма и е битен општествен чинител. Селата ни се девастирани и со ниска образовна структура. Тешко некој што сѐ уште технолошки е врзан за трактор ИМТ или комбајн Змај, ќе може да разбере како функционира дроновското мапирање, пресметка на употребените средства или употреба на соодветни агро мерки во зависност од хемиската погодност на почвата. Рационалната употреба на водата и соодветните култури зависни од неа сѐ уште се само дебатни тези.

Раситнетоста на парцелите, неприфаќањето на некаква кооперативност на произведувачите ако не врз фактичка основа заснована врз зголемување на парцелите, тогаш барем врз правна кооперативност и заеднички настап на пазарите, засега не успева. Сето тоа е последица на низата реформи во производството на храна и социјалниот статус не произведувачите. Мојата новинарска маленкост и без дигитални помагала знае за пет-шест реформи во земјоделието во последните седумдесеттина години. Некако сѐ почнуваме од почеток, ама од пониско скалило.

Водењето на политика за производство на храна не е исто што и правилата на кванташки пазар, туку долгорочна стабилност на државата и ако сакате еден од столбовите на нејзината независност.

Сега идејата за субјекти кои ќе обединат неколку услуги се чини дека е добро решение. Ако компанија која вработува агро инженери, познавачи на ИТ-технологијата стане точка во која ќе се најдат интересите на производителите на храна, може да се сменат и социјалните перцепции за луѓето кои се занимаваат со земјоделство. Сите услуги на едно место со современа технологија ги намалуваат и трошоците за нејзиното производство.

Пример, еден земјоделец да купи дронови за сеење и запрашување, а има неколку хектари земјоделска површина е неисплатливо. Ако купи и врши услуга тогаш ќе треба да вработи и високо образован кадар кој оптимално ќе управува со современата технологија. А една компанија која има и технологија и такви кадри со знаење ќе може многу поевтино да ги дава своите услуги и на поситните земјоделци и на покрупните произведувачи на храна. Поевтиното производство е поконкуретно и ако државата воведе ред на пазарот, каде што јасно ќе се постави профитноста и делот на ризикот на откупните центри и ланците на продавачи, тогаш секој произведувач однапред ќе ја знае цената на своето производство и ќе има помал ризик во сопственото вложување за окрупнување на парцелите или воведување на нови исплатливи култури.

Надежта секогаш постои само треба да ѝ се даде шанса. Кога сме кај новите технологии и влијанието нивно врз опстанокот на човекот и човештвото имав прилика да ја прочитам новата книга на новинарскиот двоец Дерала и Нешковски. Човекот, роботот и дигиталниот бог е насловот на книгата која ме става во дилема за очекуваната иднина. Ќе нѐ замениле роботите – велат дека тоа и не е многу неизвесно. Можеби е така, ама додека не нѐ заменат јас ќе се држам до мислата на еден мој пријател кумановец кој вели: ТОЈ ЌЕ БИДЕ, АМА ДОК ЈА ГА ДРЖУ ГАЈТАН ОД СТРУЈУ ЈА ЌЕ КАЖУЈУ.

А за менаџирањето на очекувањата од владата не се секирајте. Навикнати сме на онаа: „Мижи Асан да ти баам“! Е-е-е, колку пати тоа го преживеавме!?

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Војо Маневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.