Двата главни аеродромa во Белгија се казнети со вкупно 300.000 евра, бидејќи недозволено им мереле температура на патниците за време на кризата со ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Одлуката е на белгиското тело за заштита на личните податоци (АПД) од каде денеска соопштија дека аеродромот во Брисел е казнет со 200.000 евра, а аеродромот во Шарлроа со 100.000 евра, затоа што мерењето на телесната температура на патниците се правело без никаква правна основа и со тоа било нелегално.
Аеродромите во Белгија ја донесоа оваа одлука во рамките на борбата за спречување на ширење на вирусот ковид-19.