Има индикација дека на 300 метри пред местото на катастрофата имало истекување на горивото и чад.
Ова во интервју за бугарската Нова телевизија го изјави регионалниот министер Виолета Комитова, пренесува софиски „Дневник“.
– Местото каде се наоѓа клучката за излез од патот кон с.Боснек, каде на 23 ноември се случи трагедијата со македонскиот автобус во кој загинаа 45 патници, не е автопат или брз пат, туку обичен меѓуградски пат, вели Комитова.

