Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Метаморфозис објавува конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“

0
By Marta Pesevska on February 28, 2024 ВЕСТИ, Медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории:

А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на:

  • комплексни проверки на факти заради разоткривање на раширени дезинформации во јавниот дискурс;
  • проверки на факти со цел разоткривање серии од слични или тематски блиски дезинформации во јавниот дискурс;
  • анализи за проблемот со дезинформациите или на тематски или други сегменти од оваа појава со препораки за негово надминување;
  • анализи за идните трендови од областа на дезинформациите и очекувањата за можните дезинформациски видови и трендови во иднина (pre-bunking);
  • стручни/аналитички трудови/истражувања наоди кои го унапредуваат справувањето со дезинформациите;
  • истражувачки стории за потеклото и/или движењето/ширењето на дезинформациите низ јавната сфера и последиците од нив;
  • анализи за последиците предизвикани од високо штетни дезинформации и идните очекувани штети од нив;
  • детекција на дезинформациски наративи и акции присутни во регионот и Европа кои имаат домет (или тенденција да достигнат домет) да нанесат штета во Северна Македонија; и
  • други стручни и новинарски трудови од областа на справувањето со дезинформациите.

Б. Едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади од 18 до 28 г., каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите.

Право на учество имаат сите оние кои што авторски (поединечно или групно) го создале и објавиле материјалот (од категориите под А. и Б. наведени во Конкурсот) во весник, на телевизија или на интернет-портали во периодот од денот на објавувањето на конкурсот до 1 септември 2024г.

На конкурсот, авторите може да се пријават и со серија на содржини кои се меѓусебно поврзани, но се однесуваат на една конкретна тема. Авторот со пријавувањето на Конкурсот е согласен дека неговиот труд ќе биде ре-објавен во Зборник, кој е посебно електронско издание кое ќе го подготви Метаморфозис, по завршувањето на Конкурсот.

Пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

При оценувањето на материјалите предност ќе имаат оние материјали кои:

  • Се однесуваат на дезинформации кои имаат висок капацитет за нанесување на штети во општеството;
  • Разоткриваат дезинформации кои се однесуваат на широкиот јавен интерес, односно засегаат голем број граѓани на Република Северна Македонија;
  • Ги зголемуваат сознанијата или доаѓаат до нови сознанија за проблемот со појавата на дезинформациите и нудат решенија за справување со проблемот; и
  • Имаат креативен, современ, ефективен и иновативен пристап во презентацијата на наодите до широката јавност.

Конкурсот е отворен до 1 септември 2024 година. Пријавите треба да се поднесуваат на info@metamorphosis.org.mk со назнака: За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Наградата за првата категорија „Најдобар новинарски, односно стручен труд“ изнесува 3.000 евра во денарска противвредност.

Наградата за втората категорија „Едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади од 18 до 28 г.“ изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

На Конкурсот немаат право на учество вработените во Метаморфозис. Исто така, на Конкурсот немаат право на учество надворешните соработници на Метаморфозис со материјали кои биле/се подготвени и објавени во рамките на проектите кои ги спроведува Метаморфозис.

Пријавата се состои од:

Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог).

А формулар за аплицирање

Б формулар за аплицирање

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ преку е-пошта на info@metamorphosis.org.mk со назнака: „Годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата“ најдоцна до 1 август 2024 година.

Илија Жупаноски конкурс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.