Времето денеска ќе биде прoменливо облачно, со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар во попладневните часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени, а дневните од 22 до 29 степени.
Во Скопје, времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Утринската температура ќе биде до 14 степени, а дневната ќе достигне 27 степени.
Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.