Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од денеска па до 24 декември, во Македонија ќе има пообилни врнежи кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, посебно особено на поголемите надморски височини.
Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места. Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира и во Скопје и скопско.