Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Слично време се очекува и во Скопје со утрински температури до 8 степени и дневни до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Понестабилно време се очекува во сабота.