Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, претежно во западните и јужните делови. Утринските температура ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Утринската температурта ќе биде до 15 степени, а дневната ќе достигне 30 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветар и појава на град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
И во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, повремено во форма на невреме.