Времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе следува зголемување на облачноста и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, проследен со појава на грмежи и засилен ветар. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Слична е временската прогноза и за Скопје, со утрински температури до 18 степени и дневни до 30 степени.
Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км./час) и појава на град.