Времето денеска ќе биде променливо облачно, a попладне во југозападните делови од земјата со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -1 до 5 степени, а дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Од четврток до сабота се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, a ќе дува и засилен ветар од јужен правец.