Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Утринските температури ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, а дневните од 23 до 29 степени.
Во Скопје, времето ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 27 степени.
До петок, според најавите од УХМР, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота.