Времето утре ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветар. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
Утре, во попладневните часови, ќе има локален пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, на места засилен, северен ветар. Услови за краткотраен локален дожд ќе има в петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.