Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, особено во западните делови, ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Процесите, локално, ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени, а дневните од 23 до 32 степена.
Во Скопје, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура беше до 13 степени, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време, со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.