Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, повремено засилен, ветар од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -5 до 3 стелени, а дневните од 14 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе сончево со умерен, повремено засилен, ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне 20 степени.
До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.