Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во некои места ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар, претежно од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 16 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 26 степени.