Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветар од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
До среда времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветар и дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.