Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени, а дневните меѓу 24 и 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
„Во наредните денови ќе се задржи многу топло време, со максимални температури над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, особено денеска и утре кога локално процесите ќе бидат и поинтензивни во форма на невреме“, информираат од УХМР.