Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики.
Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна причина дијалогот да биде поискрен и поотворен.
Мицкоски рече дека очекува да се усвои програмата за работа на ЕСС за годинава истакнувајќи дека тоа ќе биде потврда дека овој Совет не е формалност, туку жив механизам за вистински социјален дијалог и за носење одлуки коишто се во интерес на граѓаните.