НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Михаил Бошковски – Мице: „Кажи зошто ме остави“ e грчка песна

0
By Нова ТВ on May 5, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА неодамна објави пост од ФБ, за грчка песна од 1945 која наликува на легендарната „Кажи зошто ме остави“. Во прилог беше објавен и документарецот „Чија е таа песна“.

>> Чија е песната?

Во однос на прилогот во редакцијата пристигна писмо од легендарниот Ди- Џеј и музички критичар Михаил Бошковски – Мице кој се обидува да реши неколку дилеми. Господинот Бошковски за НОВА- кои се навистина авторите на прославените песни „Кажи зошто ме остави“, Чија си, Стани моме да заиграш, О, соле мио?

“Околу дилемата за песната „Кажи зошто ме остави“ за која деновиве прочитав на вашиот сајт, а уште повеќе дека песната е плагијат… итн. Ви се обраќам со желба да помогнам да се расчисти оваа дилема, која всушност и не е дилема бидејки општо е познато дека автор на песната и нејзин интерпретатор е Нико Гунарис од Грција (1915 – 1965).

Ја снимил во 1945 г. за американската компанија RCA VICTOR. Кај нас за првпат е чуена веднаш по Втората светска војна на силните американски радио станици лоцирани на границата со Грција, во близина на Битола. Младите музикални битолчани ја снимиле во својата меморија и ја пееле по кафеани, а тогаш младиот гимназијалец Јово Велјановски напишал текст на македонски јазик кој Боби Автовски го прифатил и од тогаш песната станала многу популарна и се пеела по кафеаните на домашните забави, се пеела насекаде, а подоцна и на Радио Битола која програмата почнува да ја емитува од 1952 година.

На радио песната ја пееле во живо бидејки се уште немало магнетофони. Тие всушност и не знаеле чија е, тоа се дознало подоцна кога е снимена за Радио Скопје. Првата снимка за Радио Скопје е направена во февруари 1955 година. Покрај Боби како пејач, во групата свиреле браќата Ципушеви, Александар Васовски, Кочо Петровски и Слободан Николовски Боде. Првата снимка е снимена на магнетофон кој наместо лента користел челична жица.

До годината кога во Р. Скопје располагале со понова техника, е направена втората снимка со „Забавниот секстет“. На податокот кој го има на секоја лента за содржината на снимениот материјал јасно стои дека автор е Нико Гунарис, иако Грците популарно го викале Нико Гунари. Верзијата што ја слушаме на Интернет е втората снимка за која аранжманот го напишал Шпато, тоа е единствената негова поврзаност со песната „Кажи зошто ме остави“.


Драган Мијалковски

Откако песната станала голем хит особено кога хрватскиот пејач Стјепан Џими Станиќ ја снимил за Југотон, било неминовно да се расчисти со авторските права. За таа цел е стапено во контакт со Гунарис и е реализирана средба на границата кај Гевгелија и на рака му се исплатени тантиемите. Парите ги исплатил Слободан Николовски Боде тогашен уредник во забавната редакција на Радио Скопје во присуство на претставници од власта. Тоа било позамашна сума на пари, а Гунарис се заблагодарил и рекол дека ова е доволно и дека во иднина не треба да се грижат за авторските права.

Значи нема ништо страшно што авторот на песната е Грк, можел да биде Шпанец. Песната нема граници, ниту татковина. Таа е создадена да се пее. Ако авторот е непознат тогаш таа е народна, а ако е познат задолжително треба да се напише затоа што е заштитен со меѓуародното авторско право.

Има и други вакви примери.

Песната „Стани моме да заиграш“ е исто така од грчки автор. Тоа е кант-авторот Стелиос Казанцакис а во оригинал насловот е „Siko horepse koukli mou“. Кај нас мислам (претпоставувам) дека прва ја препеа Есма Реџепова. Повозрасните секакао дека се сеќаваат дека грчката музика беше многу популарна кај нас. Некои наши пејачи и српски направија кариера со грчка музика. Исто така не е тајна дека и во Скопје, а повеќе во југо-источниот дел на Македонија по кафеаните трештеше грчка музика.

Кога сме кај српските пејачи, малкумина знаат дека песната „Лела врањанка“, или позната и како „Лепа врањанка“ е исто така многу стара грчка песна од 1927 г. Со арапски мотиви испеана за убавата египќанка „Мисирлу“ (Misirlou). Отворете Интернет и ке ја најдете во многу верзии. Па и славните „Бич бојс“ ја имаат снимено како инструментал. Авторот на српскиот текст Драган Токовиќ (1932 – 2002) често настапувал по египетските ноќни клубови и таму ја слушнал и и ја посветил на една убава врањанка за која мислам дека и денденеска живее во Врање.

Има и други вакви случаи, на пример песната „Чија си“ на Славе Димтров, пред 35-6 години ја сними грчкиот пејач Филипос Николау и ја издаде на плоча. Направил навистина впечатлива емотивна верзија. Наизглед нема тука ништо спорно, но тој се потпишал како автор. Реагираше Славе и работите се изгладија.

Бугарскиот пејач Панајот Панајотов ја испеа песната на Ванчо Димитров „Усни како мед“. Тој, не само што се потпишал како автор туку и насловот на песната само го превел на бугарски „Усни като мед“. Ванчо не реагираше сметајки дека не е тоа песна од која може многу да се заработи, а и беше задоволен што неговата песна се пее и во друга држава.

Се разбира има мноштво вакви примери. Некои завршиле и на суд. Во светски размери познат е спорот што го водеше Џорџ Харисон за песната „My Sweet Lord“, прв негов мега хит по расформирањето на Битлси. После повеќегодишно судење беше донесена пресуда да плати 1,6 милиони долари оштета. Авторството му го оспори компанијата на групата „Чифонс“ за песната „It’s So Fine“. Но, мислам дека Харисон после ја купи таа компанија и си го поврати авторството.

„О соле мио“ е една од најпознатите и најпеани наполитански песни. Автор е Едуардо Ди Капуа. Ја создал во 1898 г. Во Одеса, на Црно Море, во денешна Украина при една подолга турнеја со својот татко кој бил успешен пејач и музичар. Инспирацијата ја добол во недостиг на топлото медитеранско сонце. Кога се вратил во Неапол го вклопил текстот на Џовани Капуро. И обајцата не заработиле ништо од авторството или само 25 лири бидејки Ди Капуа за толку пари ја продал песната на еден издавач. Умира во 1917 година во голема сиромаштија. И авторот на текстот кој умира 3 години подоцна исто така умира во голема сиромаштија во Мексико. Но, што се случува подоцна?

O, соле мио- Во изведба на Тројцата тенори

Пред 10 г. Наследниците на извесен Алфредо Мацуки поднеле барање до судот за признавање на авторството на сите 18 песни на Ди Капуа, докажувајки дека и тој имал удел во авторството на песните, иако тој бил умрен уште во 1972 г. Судот пресудил позитивно и тие сега добиваат дел од авторството и ке добиваат се до 2042 г. Потоа авторството го наследува државата. Се претпоставува дека се работи за сума од околу 500 илјади евра на годишно ниво.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.