Директорот на УБК Сашо Мијалков ја продал фирмата во Чешка на фирма во Панама. Продажбата на фирмата „Миртланис“ се случувала токму во времето кога опозоцијата го повикуваше директорот и институциите на одговорност затоа што не го пријавил целиот негов имот во анкетниот лист, вклучително и оваа фирма.
Според податоците достапни на електронскиот чешки регистер на компании Мијалков ја купил фирмата „Миртланис“ во Март 2013 година за 200.000 круни или околу 7.800 евра. Интересно е што оваа фирма се појавува како инвеститор во луксузен комплекс за домување во прашката населба Прага 6, за што НОВА веќе пишуваше на 15 Ноември 2013 година. Неколку дена претходно опозицијата праша зошто оваа фирма не е во анкетниот лист за имотот на директорот кој се доставува во Антикорупциската комисија. На 5 Ноемри директорот писмено се обрати до Антикорупциската комисија известувајќи ја дека се стекнал со 100% основачки удели во фирмата Миртланис во Чешка, но потенцирајќи дека не ја пријавил во законскиот рок бидејќи нејзината вредност била помала од 20 просечни плати.
Само по три дена откако директорот ја извести јавноста и го корегираше својот имотен лист, во Прага на нотар е склучен купопродажен договор за истата фирма. На 8 Ноемри Сашо Мијалков ја продава „Миртланис“ на фирма од државата Панама „Тасига Корп“, инаку држава позната како даночен рај. На 26 Ноември веќе се впишани промените на сопственикот во чешкиот централен регистер. Директор се уште е истиот човек на кој и Мијалков му ја укажал претходно довербата – извесен Горан Гацов, во чешката дијаспора познат како сопственик на пицерија.
Иако фирмата е веќе инвеститор во комплекс за домување, според договор, директорот не ја вреднувал многу, па ја продал за истите пари за кои и ја купил, односно 200.000 круни или 7.800 евра. На фотографиите подолу можете да го погледнете купопродажниот договор и историјата на фирмата.
купопродажен договор>




историја на фирмата>




