Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милановиќ и Вучиќ – предизборна реторика за мерките на граничните премини

0
By Влатко Чаловски on September 24, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска и Србија во рок од 24 часа “одиграа неколку партии шах“, повикувајќи се на бегалците. Од двајцата премиери, хрватскиот Зоран Милановиќ, и српскиот Александар Вучиќ, се слушнаа неколку изговори зошто граничните премини се затворени, додека во меѓувреме стотици бегалци нови 24 часа останаа заглавени во т.н “ничија земја“.

Сепак како што велат соговорничките на НОВА, и двете забележуваат предизборна кампања во реториката која ја користат.

Откако Србија забрани хрватски товарни возила да ја минуваат границата, револтирана од затворањето на речиси сите гранични премини поради рутата на бегалците која води од Србија во Хрватска, Хрватска стави забрана за автомобили од Србија да влегуваат на нејзина територија.

Оттогаш почнаа и преписките меѓу Милановиќ и Вучиќ.

– Тоа што го бараме од Србија е многу малку. Да се однесува како држава. Сѐ што Вучиќ треба да направи е да го сопре протокот на мигранти. До 4.500 бегалци во Хрватска може да функционира, над тоа не дозволувам, изјави утрово Милановиќ.

Хрватска соопшти дека нема да ја прекине блокадата, се додека Србија не почне да ги пренасочува мигрантите кон Хоргош, кој се наоѓа во Војводина на самата граница со Унгарија.

За Вучиќ пак, ваквите мерки на Хрватска претставуваат “лудило“.

– На економски мерки може да се одговори со мерки, а на лудилото никако, одговори Вучиќ, кој ја искористи оваа прилика за да нагласи дека граѓаните на Хрватска се добродојдени во Србија без оглед на мерките на хрватската Влада.

Вучиќ воедно изјави и дека очекува Европската унија да реагира на одлуката на Хрватска да го забрани товарниот сообраќај од Србија, бидејќи тоа немало никаква врска со решавањето на бегалската криза, туку со кршењето на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Оваа реторика сепак наиде на критика кај новинарките Жарка Радоја од Радио Слободна Европа и Данка Дарифај од хрватската НОВА ТВ, кои веќе некое време ја следат состојбата со “маршот за слобода“ на мигрантите од Грција, преку Македонија и Србија, до земјите од Европската унија.

– Во цела оваа приказна има премногу предизборна кампања, его и национализам, како по обичај, малку разум. И тоа за жал примарно од страна на Хрватска. Иако премиерот Милановиќ даде одлична изјава поврзана за бегалците во неговата земја, која поприлично подготвено ги дочекува, таа беше избрзана, вели Радоја за НОВА, потенцирајќи дека бегалската криза не трае два дена, туку со години, и Хрватска, како и сите земји кои се наоѓаат во рутатата на бегалците, мора да бидат свесни за тоа.

Дарифај од друга страна смета дека денешните префрлувања, им одат во полза и на Милановиќ и на Вучиќ, но не и на бегалците.

– Хрватска во моментов се наоѓа во предизборна кампања и тоа во голем дел влијае на начинот на кој Милановиќ се постави во оваа ситуација. На Вучиќ исто така му одговара да го сврти вниманието од актуелните проблеми во Србија, вели Дарифај.

Таа дополнува дека најтрагично е што губат време и двајцата, исцрпувајќи се и политички и економски наместо да делуваат кон решавање на оваа катастрофална хуманитарна криза која трае и секој ден станува се помачна за луѓето кои се заглавени на нивните граници.

– Единствено решение е во поставување на хуманитарен коридор, се друго е губење време и понатамошно влошување на и онака лошата ситуација, смета новинарката на хрватската НОВА ТВ.

Коментриајќи ги изјавите на Милановиќ, Радоја пак, вели биле добредојдени за српските медиуми кои се под контрола на власта.

– Неговата реторика, наиде на совршено тло во Србија. Овде го дочекаа творците на таквата политика во Југославија, и секако, подобро се снајдоа. Иако власта во Србија делува смирено, во медиумите кои се под нивна контрола, скоро сите, јасно се гледа хистеријата која ја пласираат во јавното мнение. „Хрватскиот премиер е луд“, „Усташка блокада“, „Хрватскиот премиер е идиот“, „Лудакот ја води Хрватска во војна“, се само некои од насловите кои во четвртокот се најдоа во српските печатени медиуми, хранејќи ја душата на српските националисти, вели Радоја во изјава за НОВА.

И додека во меѓувреме, “тивката војна“, која и двајцата ја негираат, и понатаму трае, тони храна, суровини, мебел стојат пред граничниот премин Батровци, а како што соопштија од Хрватската стопанска комора, штетите ќе се пресметуваат во милиони евра.

Оттаму апелираат до владите на Хрватска и на Србија во името на националните интереси да ја решат кризата, бидејќи со мерките и контрамеркитеа штета ќе претрпат хрватските и српските фирми што работат со земјите на источна и на југоисточна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.