Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милениумци: Генерацијата јас, јас, јас

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Џоел Стајн

Сега ќе го сторам она што постарите луѓе го правеле низ историјата: Ќе ги наречам помладите од мене мрзеливи, готовани, себични и плитки. За ова мое тврдење поседувам истражувања, имам статистистики за тоа! Ќе цитирам признаени научници! За разлика од моите родители, од моите баба и дедо и прабаба и прадедо кои го велеа истото за помладите генерации од нив, јас имам докази.

Ова се суровите податоци: Според државните институти за здравство (National Institutes of Health) појавата на нарцисоидноста како нарушување на личноста е за три пати зголемена кај младите во нивните 20-ти години во споредба со лица кои имаат 65 години и повеќе; во 2009 год. 58% повеќе имале повисок резултат на скалата за нарцисоидност споредено со истата таа скала во 1982 год. Додека растат, припадниците на генерацијата Y (попозната како милениумци),  добиваат неброено многу трофеи за учества, при што едно недамнешно испитување покажа дека 40% од нив веруваат дека треба да бидат унапредувани на нивното работно место секои две години независно од нивните перформанси.

Опседнати се со слава: Три пати повеќе средношколки кога ќе пораснат сакаат да станат личен асистент на некоја позната личност, отколку што сакаат да станат сенаторки покажа едно истражување во 2007 година; четири пати е поголем бројот на оние кои би избрале работа на асистент отколку да бидат директори на големо претпријатие. Толку се уверени во својата „големина“ што државната студија за млади и религија покажа дека морален двигател кај 60% од милениумците во било каква дадена ситуација е дека тие едноставно би знаеле што е исправно. Нивниот развој запрепастува: Многу повеќе млади на возраст меѓу 18 и 29 год. живеат со своите родители отколку со брачен партнер, покажало истражување од 2012-тата спроведено од Универзитетот Кларк. И многу се мрзеливи.

Според Институтот за работа, во 1992 година 80% од младите под 23 години сакале еден ден да имаат работа со поголема одговорност. Десет години подоцна бројката паднала на 60%.

Генерацијата Y – милениумците се родени во периодот помеѓу 1980 година и 2000 година. Накусо, групата е составена најмногу од тинејџери и дваесет-и-нешто-годишни млади коишто, благодарејќи на компјутерите, израснале без многу да учат математика. Со бројка од 80 милиони, тие ја претставуваат најголемата групација според возраст во aмериканската историја.

Оваа генерација во секоја држава е различна, но поради глобализацијата, социјалните мрежи, извезувањата од Западните земји и брзината на промени, милениумците ширум светот многу повеќе наликуваат едни на други отколку на постарите генерации во рамки на своите држави. Дури и во Кина каде што семејната традицијата е многу поважна од било кој поединец, интернетот, урбанизацијата и политиките за едно дете создадоа генерација на самоуверени млади налик нивните врсници од западните земји.

И ова не се само проблеми на богатите деца: Кај посиромашните милениумци стапката на нарцисоидност, материјализмот и зависноста од технологија е уште повисока во нивниот гето-одличен живот. Претставуваат прва најопасна генерација откако бејби-бумерите ја создадоа социјалната револуција, не бидејќи сакаат да ги преземат институциите, туку бидејќи растат и се развиваат без нив. Индустриската револуција создаде многу посилни индивидуалци – можеа да се преселат во град, да започнат сопствен бизнис, да формираат здруженија и организации. Информатичката револуција, пак, им ја даде моќта на секој поединец овозможувајќи им со помош на технологија да се натпреваруваат против големи организации: Хакери против коорпорации, блогери против весници, терористи против држави-нации, јутјуб директори против студија, креатори на апликации против цели индустрии. Милениумците немаат потреба од нас. Затоа и сме исплашени од нив.

Деца на бејби-бумерите и самодовербата

Во САД милениумците се деца на бејби-бумерите, кои се исто така познати како „Јас – генерација“. Тие своевремено ја создадоа Јас Јас Јас Генерацијата чијашто себичност само стана полоша. Додека во 50-тите години просечниот Американец во својот дом на полица имал една слика од венчавка, уличишна фотографија или можеби слика од воената академија, денес просечниот Американец од средна класа дома е опкружен со отприлика 85 слики од себе и од своите миленичиња. Милениумците се наоѓаат на возраст во ера на квантитативно себство, снимајќи го секој свој чекор во текот на денот на фитбит  (FitBit), своите каде и зошто ги објавуваат на секој час во текот на денот на Плејсми (PlaceMe) и така секој ден, како и своите генетски податоци на 23 и ми (23 and Me). Нивниот граѓански активизам и учество во политиката е на најниско ниво од било која друга група во минатото. Оваа генерација би го натерала и Волт Витман да се запраша дали можеби треба да учат песна од некој друг.

Генерацијата стана ваква, делумно бидејќи во 70-тите години луѓето сакале да ги подобрат шансите за успех кај своите деца со тоа што ќе им „инсталираат“ поголема самодоверба. Се покажа дека самодовербата е всушност одлична за добивање работа или навечер во бар да се привлече некој, но не и да се задржи работното место или да се изгради врска.

„Тоа беше грешка поради добри намери,“ вели Рој Баумајстер, професор по психологија на Државниот универзитет на Флорида и уредник на книгата „Самодоверба: Загатка за самољубивост“.

„Првичните истражувања покажаа дека, точно, децата со поголема самодоверба имаа подобри резултати во училиште и многу поретко запаѓаа во неволји. Работата е што подоцна осознавме дека самодовербата е резултат, а не причина.

„Проблемот се јавува кога обидувајќи се да си вбризгаат самодоверба, луѓето си вбризгуваат нарцисоидност. „Само кажете им на Вашите деца дека ги сакате. Тоа е подобра порака,“ вели Џин Твенџ професор по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего кој ја напиша „Генерација Јас и епидемијата на нарцисоидност“.

„Кога се мали, многу е симпатично да им кажувате дека се посебни, принцези, рок ѕвезди или било што друго што пишува на нивните маици. Но, кога имаат 14 години, не е повеќе симпатично. Сета таа самодоверба може да ги доведе до големи разочарувања кога светот ќе одбие да го потврди нивното високо мислење за себеси. Оваа генерација има најголеми изгледи да не им остварат очекувањата во поглед на кариерата и најнизок степен на задоволство со истата“, вели Шон Лајонс, уредник на „Управување со новата работна сила: меѓународни перспективи за генерацијата милениумци“. „Тоа е еден вид на криза на неостварени очекувања.“

Не сте толку посебни

Она по што милениумците се всушност најпознати е резултатот од нивнатата нарцисоидност, а тоа се нивните права. Ако сакате да им продадете семинари на менаџери кои се одговорни за контрола на работењето, нека бидат тоа семинари за тоа како да се справат со младите вработени кои директно му се обраќаат на директорот со и меил порака и бараат да бидат тргнати од проекти за кои сметаат дека се здодевни.

Обраќањето на професорот по англиска книжевност Дејвид МекКала на денот на матурирањето минатата година во средното училиште Велесли, беше 12-минутно соочување со реалноста со наслов: „Не сте толку посебни“, кое достигна 12 милиони прегледи на јутјуб.

„Искачете планина за да можете да го видите светот, а не светот да ве види вас“, им кажа МекКала на матурантите. Тој соопшти дека скоро сите реакции на ова видео биле позитивни, особено од самите милениумци; видеото имало по 57 допаѓања на секое едно недопаѓање.

Иако се однесуваат надмено во поглед на нивното место под Сонцето, милениумците се истовремено и уназадени бидејќи ја имаат пролонгирано фазата помеѓу тинејџер и возрасен што овој магазин еднаш ги нареше твикстери (this magazine once called twixters). Идејата за тинејџер потекнува од 20-тите години; во 1910 година само мал процент на деца оделе во средно училиште, така што социјалната интеракција на повеќето се одвивала со возрасните во склоп на семејството или на работното место. Денес кога мобилните телефони им овозможуваат на децата да комуницираат секој час – во просек примаат и испраќаат 88 пораки дневно, тие живеат под постојано влијание на нивните пријатели. Притисокот од мрежата на корисници е антиинтелектуален, антиисториски и антиелоквентен, вели Мак Бауерлајн, професор по Англиска книжевност на Емори, кој ја напиша книгата „Најглупавата генерација: Како дигиталната ера ги оглупавува младите Американци и ја загрозува нашата иднина“ (или, Не верувај никому помлад од 30).

Интелектуалното развивање подразбира релации со постари луѓе, со постари работи: 17-годишници никогаш нема да се развијат доколку се дружат само со 17-годишни.

„Малкумина од оние кои беа против Обамакеар (здравствениот план) се противеа и за потребата родителите да ги покриваат здравствените трошоци на своите деца додека тие наполнат 26 години.

Екранот – заштита од анксиозност

Милениумците се секојдневно во постојан контакт, разменувајќи информации исклучиво преку екран. Ги гледате постојано како седат во кафулиња или еден до друг и праќаат пораки. Можеби изгледаат смирено, но длабоко во себе чувствуваат немир и загриженост дека пропуштаат нешто многу подобро. Седумдесет отсто од нив ги проверуваат своите телефони на секој час и многу од нив патат од синдромот на фантомски џебни вибрации.

„Се однесуваат на овој начин за да ја намалат анксиозноста,“ вели Лери Розен, професор на Државниот универзиет на Калифорнија на Домингез Хилс и автор на и-Нарушување (e-Disorder). Таа постојана потрага по доза на допамин („Некому се допанда мојот статус!“) ја намалува креативноста. Уште во 1966 година кога тестовите на Торанс за креативно мислење првпат беа воведени, до средина на 80-тите, резултатите за креативност кај децата се зголемија. Потоа нагло опаднаа во 1998 година.

Исто така резултати од тестови за чувство на емпатија опаднаа, почнувајќи од 2000 година за што како причини се наведуваат отсутност на време поминато лице-во-лице и повисок степен на нарцисоидност. Не само што на милениумците им недостига оној вид на емпатија кој им овозможува да се грижат за другите, туку тие исто така имаат потешкотии интелектуално да ги разберат другите. А она што го разбираат е како да се претворат себеси во брендови со пријатели и следбеници кои имаат улога на продавачи. Како што е со повеќето случаи, најмногу помагаат позитивноста и довербата.

„Луѓето се дуваат како балони на Фејсбук“, вели В. Кит Кембел, професор по психологија  на Универзитетот во Џорџија, кој има напишано три книги за генерациското зголемување на нарцисоидноста (вклучувајќи ја „Кога сакаш човек кој се сака себеси“). Кога сите раскажуваат за нивните патувања, забави, промоции, и ти почнуваш да се адаптираш на нив правејќи ги истите работи за да останеш во чекор. Доколу го правиш тоа доволно добро на Инстаграм, Твитер и Јутјуб можеш да станеш микро-популарна личност. Милениумците израснаа гледајќи телевизиски реални-шоуа, повеќето од кои се обични документарци за нарцисоидност. Сега се истренирани да бидат спремни за телевизиска реалност.

„Повеќето луѓе не се дефинираат кои се според типот на личноста додека да наполнат 30 години. Кога младите би се дефинирале себеси на возраст од 14години, тоа би претставувало голем еволутивен скок”, вели кастинг-директорот  Дорон Офир кој вршеше аудиции за повеќето полуларни шоуа во САД.

„Дали ме следите на Твитер?“ ги прашува на крајот од интервјуто. „Треба да ме следите, забавен сум. Се надевам дека еден ден ќе има Еми награда за кастинг на реални шоуа бидејќи, како што знаете јас сум „добитна комбинација“. Би сакал да имам една таква златна статуетка да ја фотографирам и да ја поставам на Инстраграм“.

Офир има 41 година, но јасно е дека поминува многу време во друштво на милениумци.

Нешто и за мене

Доволно испишав во оваа статија без да кажам нешто за себеси. Прво, да, свесен сум дека го започнав овој текст – во кој кревам глас против нарцисоидноста на милениумците – зборувајќи во прво лице еднина. Знам дека овој магазин кој со децении не објавуваше податоци за авторите на тектовите, почна да ги објавува имињата на авторите на насловната страна редовно од 2004 година и дека едно од првите имиња беше моето. Како што ги омаловажував реалните шоуа во претходниот пасус, не престанував да мислам на фактот дека влегов во последната рунда за 1995 Вистински свет: Лондон. Го знам бројот на моите следбеници на Твитер подобро од километражата во мојот автомобил; иако Фејсбук допушта да имаш 5000 пријатели, јас некако имам 5079. Беше невозможно а да не се сетам, обвинувајќи ги милемиумците дека се мрзеливи, дека оваа статија требаше да ја завршам скоро пред една година.

Се вратив дома за време на првите 6 месеци откако завршив факултет. Кога ме примија во Тајм, моите соработници ме мразеа, бидејќи постојано бев околу уредникот. Секој втор ден разговарав со моите родители и бев зависен од советите за пари кои ми ги даваше татко ми. Многу е веројатно дека сум 41-годишник „за никаде“, но сепак, ниедна од овие критики не им е непозната на милениумците; присутни се уште од времето на Реформацијата, кога Мартин Лутер им кажа на христијаните дека не им е потребна црква за да разговараат со Бог и стана уште порелевантен кон крахот на 18-иот век во времето на Романтизмот кога уметниците престанале да ги користат своите дела за да го слават Бог, туку почнале да го користат за да се изразат себеси.

Во 1979 година Кристофер Лаш напишал во Култура на нарцисоидност, „Медиумите ги хранат, а со тоа и ги интензивираат нарцисоидните соништа за слава и популарност, ги охрабруваат обичните луѓе да се идентификуваат себеси со јавните личности и ѕвезди, да го мразат „стадото“ и се потешко и потешко да им паѓа да ја прифатат баналноста на постоењето.

„Три пати проверив емаил додека ја пишував оваа реченица. Иако целиот прв дел од оваа статија е апсолутно точен! (поседувам податоци за тоа!), самовклученоста на милениумците повеќе претставува продолжување на тренд отколку револуционерен скок од претходните генерации. Тие не се нов вид; само успеале да мутираат со цел да се прилагодат кон својата средина. На пример, правата кои што си ги присвоиле милениумците не се резултат на преголема заштита, туку адаптирање во свет на напуштање. “Скоро во сета човечка историја приближно секој бил ниско рангиран селанец. Во тоа време луѓето биле или селани или работници во фабрика. И никој не добивал многу исполнетост од било која од двете работи”, вели Џефри Арнет , професор по психологија на универзитетот Кларк, кој што е воедно и автор на терминот ‘созревање кое се појавува’, кое што луѓето будалесто го користат наместо штосниот израз ‘твикстери’.

Твикстерите ги одлагаат своите животни одлуки бидејќи можат да бираат од голема палета на можности за кариера, некои од кои, како работа во социјални медиуми, не постоеја пред 10 години. Каков идиот би сакал да напредува во една компанија кога до возраст од 26 години ќе смени во просек 7 работни места.

Поради онлајн средби, дружења на Фејсбук и можноста интернационално да се поврзат со други луѓе, повеќе не е потребно тие да стапат во брак со некој од нивното средно училиште, дури ни од нивната земја на живеење. Поради фактот што животните очекувања рапидно се зголемуваат и технологијата им овозможува на жените да забременат во нивните 40-ти, милениумците се чувствуваат многу послободни да ги одложат големите одлуки. Средна возраст за американската жена да стапи во брак во 1967 година била 20,6, додека во 2011 се искачила на 26,9. Иако, ваквите избори можат да завршат со разочарувања, тоа сепак претставува лотарија вредна за играње.

Типично однесување на милениумците

„Едниот мој дедо се бореше на Пацификот, а другиот на Атланскиот океан. Едниот стана пилот, а другиот доктор. Кога растете за време на Големата Депресија и се борите против нацистите, претпочитате сигурност и стабилност”, вели Такер Макс , 37, кој постави пример за милениумците, кога наместо да ја искористи својата диплома по правни науки од универзитетот Дјук и да биде правник, тој ги собра своите раскази за пијани и перверзни авантури во еден блог и ги претвори во книга која беше мега-бестселер со наслов “Се надевам дека служат пиво во пеколот“.

“Сите ти кажаа дека секој што е над тебе ќе ти уринира врз глава се додека не најдеш некој под тебе, да го правиш истото“.  И милениумците не прифатија да го прават тоа.

Всушност, она што денес се смета за типично однесување на милениумците е како што богатите деца секогаш се однесувале. Интернетот поседува демократизирачка можност за многу млади луѓе давајќи им пристап и информации какви што некогаш им припаѓаа само на богатите. Кога растев во 80-тите, мислев дека ќе бидам адвокат, бидејќи тоа беше најдобрата опција што ја знаев, за луѓе кои што врска немаа од математика во предградие со жители од средна класа во какво што живеев. Но кога се запишав на Стенфорд, видов дека имам многу повеќе опции.

“Некогаш ако сакавте да станете писател, но не познававте никого во издавачката дејност, ќе си речевте, батали, нема да пишувам. Но денес би си кажале, чекај, познавам некој кој познава некого”, вели Џејн Бакингем, која што ги изучува промените во работните места, како основач на Трендера, компанија за односи со потрошувачите.

“Слушам приказни за луѓе, високо-позиционирани во организации кои ми кажуваат ‘Оваа личност ми прати меил и ме замоли да се видиме на кратко и без разлика на причината, јас се согласив’. Така, добрата страна е дека тие веруваат дека имаат право да го направат тоа и ќе се обидуваат да бидат поиновативни, и со поголема желба за да пробаат нови работи, а со тоа ќе создаваат многу кул работи.“

Милениумците не почитуваат авторитети, но истовремено не ги ни презираат. Токму затоа тие се првите тинејџери, кои не се бунтуваат, дури не се ни незгодни.

„Пораснав гледајќи ги ‘Пинатс’, каде што родители не се ни појавуваат. Исто така и ‘Ем-Ти-Ви’ од секогаш била зона без родители“, вели претседателот на Ем-Ти-Ви, Стивен Фридмен, 43, кој денес ги вклучува родителите во сите реални шоу-а на сите канали.

„Едно од нашите истражувања порано, покажува дека поголемиот дел од оваа публика го храни своето супер-его со своите родители. За најпростата одлука дали да го сторам ова или она – нашата публика ќе се советува со своите родители“.

Реклама на Гугл Хром од 2012 прикажува видео – снимка како студентска разговара со својот татко за детали од нејзиниот живот.

„Навикната сум да гледам клише ситуации, каде што родителот ништо не разбира. Повеќето од моите пријатели и нивните родители, се на социјалните мрежи и ги следат или споделуваат работи со нив“м вели Џесика Брилхарт, филмски продуцент во Гугл Криејтив Лаб, која што работеше на оваа реклама. Тешко е да ги мразиш своите родители, кога и тие слушаат рап и го гледаат Џон Стуард.

„Секојдневно преговарам со мојот син кој има 13 години. Можеби целото мое презаштитничко однесување сепак се исплатело во овие релации помеѓу родител и дете“,  вели Џон Мари, креаторот на Д Риал Ворлд и други реални шоуа како “Кеепинг ап вит д Кардашианс“. Тој вели дека гледањето на обични луѓе како стануваат ѕвезди на ТВ им дава доверба: „Посегнуваат по она што го сакаат. Можеби е малку иритирачки дека сакаат многу бргу да стасаат до следното скалило. Можеби јас сум делумно виновен за тоа, мене оваа генерација ми се допаѓа и немам никакви замерки за нив“.

Ким Кардашијан која за не-милениумците претставува се она што е погрешно со нејзината генерација, неретко изјавува дека нема некој посебен талент. Но е свесна дека допира до сите корисници на мрежите. “ Ним им се допаѓа дека споделувам многу информации за себе и дека од секогаш сум била искрена како го живеам својот живот“ вели таа.

„Тие сакаат релации со бизниси и популарни личности. Генерацијата Х се држеше настрана од бизнисите и популарните личности“.  Кога повеќе не се чувстувате запретено, многу повеќе ќе ви се допадне што некој пријател ви раскажува отколку што некоја реклама може да го направи тоа, па дури и кога тој пријател е популарна личност која се обидува да направи пари и вашето пријателство е само одговор на еден твит.

Иако секој милениумец/ка наликува на ‘Кардашијан’, објавувајќи слики од одмор на Фејбук, што е сепак помалку неподносливо од кога парови во 60-тите ги насамаруваа своите пријатели во своите домови заедно да ги гледаат нивните ужасни слајдшоу-а од одморите.

Колку ќе беа нарцисоидни бумерсите ако имаа Јутјуб

„Можете ли да замислите колку ќе беа нарцисоидни бумерсите ако имаа Јутјуб?“, прашува Скот Хес, постар вице-претседател на човечката интелегенција за Спарк СМГ, чиј што ‘тедекс’ говор “Милениумци; кои се тие и зошто ги мразиме?“ ги советуваше компаниите да ги таргетираат младите во своите маркетинг активности. „Можете ли воопшто да замислите колку слики од играње во кал на Вудсток ќе гледавме да постоеше тогаш инстаграм“!

Мислам дека на многу начини ги обвинувате милениумците поради технологија која случајно постои токму денес. „Да, тие го проверуваат својот телефон за време на часовите, но помислете на кратко колку Вие би изржале да чекате во некој ред без да го погледнете телефонот. Е сега замислете дека цел живот сте навикнати на таа технологија и дека треба да седите мирни на час по алгебра. Компаниите започнуваат да се прилагодуваат не само на навиките на милениумците туку и на нивните очекувања. Скоро четвртина од 2.200 вработени во Дрим Воркс се помлади од 30 години, и студиот има 96% стапка на задржување на клиентите. Ден Сатерваит кој управува со одделот за кадровско и има 23-годишо искуство, вели дека хиерархијата на потреби на Маслов јасно објаснува дека не е доволно компанијата да обезбедува финансии, туку треба да манифестира и само-актуелизација. За време на работното време во Дрим Воркс, можете да посетувате часови по фотографија, скулптура, цртање, кинематографија и карате.  Кога еден од вработените посочи дека џиуџицу се разликува од карате, Сатерваит се изненадил и вовел час и по оваа вештина.

Милениумците се многу повешти да склопат подобри договори со традиционалните институции во кои сеуште се активни. Иако вооружените сили мораа да ги намалат стандардите за физички предиспозиции при регрутирање и да ги направат воените кампови помалку напорни, Гери Стителер, воен регрутер со искуство од 15 години е најмногу импресиониран од милениумците отколку со било која друга група со која работел. „Генерацијата која ја примивме на почетекот на мојата кариера беше само работи, работи, работи. Оваа генерација е само мисли, мисли пред да го сработиш“ вели тој. „Оваа генерација е три, четри чекори понапред. Настапуваат со „сакам да го сработам ова, и кога ќе го завршам, сакам да го работам она.“ Нешто околу кое ќе се сложат сите психолози, па дури и најголемите критичари на нивната нарцисоидност, е дека милениумците се добри. Не поседуваат ни трошка од иронијата на Дејвид Летерман или  од незадоволството на генерација Х.

„Нивниот позитивизам ме изненадува. Интернетот отсекогаш бил 50-50 позитивен и негативен. А сега е 90-10,“ вели Шејн Смит, 43-годишен извршен директор на Вајс, компанија која се пренамени од компанија за печатен медиум за генерација Х во компанија за милениумци штом започна со објавувања на видеа онлајн кои ги гледа многу помлада публика. Милениумците многу повеќе прифаќаат различности, не само геј популацијата, жените и малцинствата, туку секого.

„Постојат многу, многу субкултури од кои можеш да бидеш дел и да истражуваш. Лично тоа многу повеќе ми се допаѓа отколку да се биде супермаинстрим или бунтовник“, вели Теви Гевинсон, 17-годишник која го води онлајн моден магазин од дома кога не е во училиште. Со други  зборови, тешко паѓа да се приклучиш на контракултурата кога не постои култура. „Не постои она ние-против-тие повеќе. Можеби затоа милениумците не се бунтовни“, вели таа. Може да се случи и почеток на реакции против сеприсутното себепромовирање. Еван Спигел, 22-годишен пронаоѓач на Снепчет, апликација која им овозможува на корисниците да праќаат фотографии, видеа и текстови 10 секунди откако се засекогаш избришани, раскажува дека станува премногу напорно за милениумците да глумат совршен живот на социјалните мрежи. „Се обидуваме да создадеме место каде што ќе бидеме по тренерки и ќе јадеме житарки во петок навечер, и тоа е добро“, вели тој.

Но ако ви е потребен ултимативен доказ дека милениумците можат всушност да бидат одлична сила за позитивни промени, еве ви пример: Том Брокоу, авторот на книгата и воедно на изразот „Најдобрата генерација“ ги обожува милениумците. Ги нарекува предустрожна генерација и мисли дека нивната претпазливост при носење на животни одлуки е паметен одговор за ниниот свет. „Нивната најважна матра е: предизвикувајте ги конвенционалностите. Изнајдете друг и подобар начин да ги правите работите. Ваквиот дух ги создава  креативците кои создаваат нови апликации и ја подобрува целата економија.“ Генерацијата која сведочеше за фустанот на Моника Левински, 9/11, за најдолгите војни во историјата на САД, рецесијата и Арапската пролет која во најдобра варијанта изгледа како доцна зима, е сепак оптимист во врска со своите шанси за успех. Секако, можеби се лаже во врска со тоа,  но во секој случај сигурно ќе донесе подобри резултати отколку да се облекуваат во фланел, да се жалат и да прават инди филмови за тоа.

Милениумците се сериозни и оптимисти

Сега имаме покомплетна слика за милениумците отколку на почеток на оваа статија. И за се имам податоци. Милениумците се сериозни и оптимисти, и го почитуваат системот. Прагматични идеалисти, повеќе се размислувачи отколку сонувачи, животни хакери. Нивниот свет е целосно рамен што немаат лидер така што револуциите од Окупирај го Волстрит до Тахрир плоштадот имаат уште помали шанси од претходните побуни. Потребно им е постојано докажување – објавуваат слики додека пробуваат алишта во гардеробите од продавниците. Кај нив постои огромен страв дека пропуштаат нешто и имаат акроним за тоа (ФОМО).

Опседнати се со познати личности, но од дистанца не ги идолизираат. Не одат во црква иако веруваат во Господ бидејќи одбиваат да се идентификуваат со големи институции; третина од возрасните на возраст под 30 год., што претставува највсок процент не се религиозни. Сакаат нови искуства кои им се далеку поважни од материалните добра. Ладни се и резервирани, и не се многу страствени. Добро се информирани, но не реагираат: го мразат Џозеф Кони, но нема ништо да ништо да сторат во врска со Џозеф Кони. Тие се бизнис-ориентирани. Финансиски се одговорни, иако студентските кредити го допреа плафонот. Поседуваат помалку работи во домот, а нивните долгови на кредитните картички се помали од оние на претходните генерации – што всушност не ни толку тешко да се постигне кога седиш дома и користиш кредитна картица од твоите родители.

Ги обожаваат своите телефони, но мразат да зборуваат на нив. Тие не се само најголемата генерација која ја познаваме, туку можеби се и последната голема групација според година на раѓање за која лесно може да се генерализира.

Уште сега постојат микрогенерации во рамки на милениумската група кои никнуваат често како нов ајфон, и се разликуваат по тоа дали научиле да пишуваат пред Фејсбук, Твитер, Ајпод или пред Снепчет. Ваквите микрогенерации кои се во подем, ги застрашуваат оние над нив кои се всушност нивни браќа и сестри. А групата после милениумците највероватно ќе биде уште помоќна. Тие уште од сега се толку опуштени пред камери, што просечно едногодишно дете во САД има повеќе фотографии од себе отколку францускиот крал во 17. век.

Значи да, ги имаме сите информации за нарцисоидноста, мрзеливоста и припишување на право за се’. Но величината на една генерација не се одредува со информации или податоци. Се одредува со тоа како тие реагираат на предизвиците со кои сe соочуваат. И исто толку е важно како ние реагираме на нив. Без разлика дали милите дека милениумците се следната најдобра генерација на оптимистични претприемачи, или група од 80 милиони луѓе кои ќе  имплодираат во ситна ѕвезда од солзи првиот момент кога нивните очекувања нема да се потврдат, најмногу зависи од тоа како гледате на промената. Јас лично одлучив да верувам во децата, како што тие самите веруваат во себе.

*Преземено од Тајм

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.